Германците гласаат за нова коалиција
Германците во недела гласаат за нов состав на Бундестагот (Парламентот) на кои (сепак) да определеат победник, туку само партија која ќе обезбеди најмногу гласови за да биде предводник при создавањето нова германска коалициона влада.
Тоа е така со години на ред и во Германија се покажа како модел кој успешно функционира, уште од годините пред Ангела Меркел и годините на нејзиното децениско раководење со земјата.
Европа гледа во Берлин
Германските избори, меѓутоа, се важни и за Европа и за ЕУ, затоа што Германија е најголемата држава во Унијата, а германската економија важи за најмоќната и за европски предводник.
Посебно сега во услови кога Доналд Трамп- насила, силеџиски- настојува да ги натера Европејците да играат по неговите правила, знаејќи дека во низа делови се спротивни на европските. Не само кога станува збор за угодувањето на рускиот деспот и пазарлокот што сака да го направи со путинова Русија.
Водечките германски лидери во своите последни обраќања зборуваа за чекорењето на европскиот пат инсистирајќи на европските демократски стандарди, А лидерот на десноцентристичката ЦДУ/ЦСУ Фридрих Мерц пораша дека Германија одново силно ќе ја предводи Европа, но и дека ултрашката партија АфД ќе остане нс маргините на германската политика.
Економија и мигрантите
Мерц само потврди дека економијата, германската и европската безбедност и имиграцијата се глвните теми за идната влада- што како сега стојат работите- тој ќе ја предводи, како идниот канцелар.
Сепак, јасно е дека ништо не се менува преку ноќ, па новата коалиција која се невестува, мора веднаш по изборите да тргне во покренувањето на економијата која го има загубено здивот . Но во финишот на изборната кампања повеќе се зборуваше за мигрантите и за имиграцијата.
Сето тоа во сенката на бурната 2024 година во која имаше терористички напади во низа германски градови. Во Манхајм, Солинген, Магдебург, Ашвенбург, како и во Минхен се случија терористички напади во кои секогаш како напаѓачи се јавија ислмаисти и сите имигранти.
АфД за протерување на странците
Тоа изгледаше како нарачено за крајната десница, за антиимигрантската партија АфД чиј рејтинг, пред изборите има достигнато 20 отсто- најмногу досега на федерално ниво- иако Германците добро знаат дека станува збор за расистичка партија со неонацистичко педигре.
Станува збор за движење составено од тврди германски националисти, лажни патриоти, кои заговараат чистка на Германија од мигрантите, во стилот на Трамп и неговото другарче и сега советник Илон Маск. Движењето се трансформира во партија која и натаму ( во основа) стои на своите изворни принципим за тоа дека Германија треба да ги протера „ауслендерите“ дури и оние кои веќе се германски државјани.
Во трката за подобра позиција, лидерката на АфД, инаку геј која живее во брак со својата партнерка, имигрантка со која има две деца, настојуваше во финишот на кампањата да ги привлече на своја страна младите Германци.
На тој начин што сега зборува дека треба да се протераат само илегалците имигранти и осудените за кривични дела, сосема налик на насилните трампови постаки, но не откажувајќи се од масовни депортации.
Предност на десно-центристичкиот блок
Германската демократска јавност на тоа одговори и одговара со масовни антидесничарски протести.
И во финишот на капањата еден таков се одржа во градот Солинген, место на еден терористички напад. На него луѓето масовно се спротивставија на АфД и на нејзината политика, која за нив е налик на она што се случуваше во Германија, во триесетите години на 20 век, во времето на експанзијата на хитлеровиот нацизам.
Останува за се види каков ќе биде епилогот од изборите. Засега АфД евторорангирана партија, зад ЦДУ/ЦСУ, која има подршка од 30 отстоод гласалите, а пред СПД на Олаф Шолц со 16, Зелените со 13, германската левица со 7 и либералите од ФДП со 4,5 отсто.
Германските медиуми веќе заговараат нова „црно/цевена“ коалиција на ЦДУ и сестринската партија ЦСУ со социјалдемократите на Шолц, но без него во владата.
(Б.Г.)
