Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Фактите против претседателот на САД

Фактите против претседателот на САД

Доналд Трамп гневно реагираше на коментарот на Володмир Зеленски за трамповото тврдење од пред – еден ден – дека Украина е виновна за руската инвазија од пред три години, велејќи дека „претседателот( на САД)  живее во светот на дезинформациите“  што ги пласира Русија.

Не размислувајќи многу, а и не бирајќи зборови, Трамп го обвини Зеленски дека е „диктатор“ кој нема мандат и дека ја има подршката на само 4 отсто од Украинците. 

Неточни дисквалификации

Ваквата изјава ја шокира украинската и европската јавност, со својата грубост и крајно недипломатска реторика за еден американски претседател кон лидерот на една странска земја, само затоа што „некој“ му се спротивставил и го бранел достоинството на Не државата и народот.

Ваквата изјава на Трамп,  дадена во негов стил- онака  од рака и без докази и аргументи- всушност има за цел јавно да се понижи  Зеленски. За да му се напакости и за му одмазди јавно за тоа што го има критикувано решението- на првата американско/ руска средба ( за мир во Украина) да не учествува и украинската страна.

Меѓутоа, таа пакост и желба за одмазда- едноставно-  не е точна, па излегува како Трамп навистина како  да ги цитира старите изјави на Путин и на руските функционери во изминатите три години, од инвазијата од 22 февруари 2022 година.

Избори во време без војна

Пред се, изборите во Украина  се суспендирани поради инвазијата и војната, со одлука на украинскиот Парламент.

Последните избори, кога победи Зеленски, освојувајќи над 73 отсто од гласовите на Украинците,  се одржаа во 2019 година. Следните избори требаше да се одржат во мај 2024, но поради  инвазијата и војната , сите партии во тамошниот Парламент едногласно се имат согласено , следните избори да се оддржат по завршувањето на војната.

Освен тоа, земјата уште веднаш по руската агресија има воведено вонредна состојба и функционира во воени услови и со воени закони.

Во 2015 година, а тоа значи пред Зеленски да биде претседател , Украина има изгласано специјален закон за изборите, според кој во земјата нема да има ниту претседателски, а ниту парламентарни и локални избори- во услови на војна и на воена состојба.

Трамп во служба на Кремљ

Оваа одлука е донесена по првата агресија на Русија врз украинската територија, во пролета 2014 година, кога прво беше анектиран Крим, после запоседнувањето и еден наместен референдум на полуостровот, а потоа од Москва беше испровоциран бунт  во Луганск и Донецк, на истокот од Украина.

Тој бунт и послужи на Москва за да ја почне инвазијата, четири години подоцна.

Според тоа, проверката на фактите , што го направија Би-Би-Си и други европски медиуми покажуваат дека сите обвинувања на Трамп за наводната „нелегитимност“ на Зеленски се без основа, затоа што не се точни,

Во јануари, Владимир Путин , во едно интервју за руски медииум го обвини украинскиот претседател дека управува без легитимитет и мандат, што звучи цинично за некој кој 25 години деспотски владее со Русија и си уреди себе си доживотен мандат.

Но, делува несватливо тоа да го зборува еден американски претседател и при тоа да не ги провери сите факти кои ги има  неговата администрација.

Задоволство во Москва

Што се однесува до тоа дека Зеленски бил непопуларен кај Украинците, како и дека во моментот ја имал подршката од само 4 отсто од гласачите, ова може да се стави во злобата на еден, безмалку 79 годишен бизнисмен, научен сите да му го прават ќефот кој  сега сака така да биде и сега додека како политичар и претседател управува со Америка од Белата куќа.

За Зеленски во украинската јавност се зборува како за „вистински народен претседател“ кој во првата година од војната имаше популарност од цели 90 отсто.

Според медиумите, дури и официјална Москва е изненадена  од острината на реакцијата на Трамп.

Министерот Сергеј Лавров има признанено дека тоа само покажува дека американската страна ги признава и ги прифаќа руските аргументи за војната , за Украина и за претседателот Зеленски.

(С.Г.)

 

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе