АП истерани од канцеларијата на Трамп
Угледната американска новинска агенција Асошиетед Прес (АП) е казнета со забрана од влегување во Овалниот кабинет ( канцеларијата на претседателот на САД) и патување со шефот на државата во претседателскиот авион , само затоа што АП одбива да го користи преименувањето на Мексиканскиот Залив во Американски- како што тоа еднострано го наложи Доналд Трамп, со претседателски декрет.
Агенцијата соопшти дека веднаш по нејзиното објаснување зашто ќе продолжи да го користи меѓународно признатото име на Заливот, на нејзините новинари им било забрането да влезат во канцеларијата на претседателот ( кога влегле сите другите акредитирани во Белата куќа).
Декретот се однесува само за САД
Реагираше и еден од портпаролоте на Белата куќа објаснувајќи дека „агенцијата продолжува да ја игнорира – како што има речено- законското преименување на Мексиканскиот Залив кој со одлука на Трамп сега се нарекува Американски Залив.
„Можеби првиот амандман на Уставот на САД , за слободата на говорот, го заштитува правото на АП на- како што рекол- неодговорно и нечесно известување- тоа сепак не им ја гарантира привилегијата од пристап во Овалниот кабинет и во службениот авион на претседателот„- објаснил овој портпарол.
Агенцијата АП претходно појасни дека уредбата ( декретот) на Трамп се однесува за САД , а не и за светот, па Мексико, како американски сосед и меѓународните организации и понатаму го именуваат Заливот како Мексикански, не прифаќајки ја измената.
„АП ќе продолжи да го нарекува Заливот со неговото изворно име, согласувајќи се да го именува како Американски кога ќе се однесува за работи врзани само за Америка“- се вели во соопштението на новинската агенција.
Во меѓувреме, Гугл побрза да им се додвори на Белата куќа и посебно на Трамп, па ја прифати едносттаната измена на едно географско име како конечна работа, по што уследи најавата од Мексико дека поради тоа ќе го тужи Гугл.
„Мексиканска Америка“
Мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум веќе реагираше со остар коменатар по трамповата одлука дека- „сега мексиканската страна би можела да цела Северна Америка, вклучувајќи ги и САД, да ги нарекува како Мексиканска Америка , што инаку е историското име користено на старите географски картти.
Целото ова насилно однесување на трамповата администрација кон новиннарите на АП доаѓа во време кога потпретседателот на САД, во Европа им држи „лекција на европските политичари„ дека ги газат човековите слободи.
Само затоа што ја анатемисуваат германската ултрадесничарска партија АфД и одбиваат соработка со неа , означувајќи ја и како пронацистичка, која, пак, трамповци ја форсираат пред избрите во Германија.
