Данска ќе ја купува Калифорнија
Една сатирична и цининична петиција кружи во данската јавност, за тиа дека оваа мала европска држава ќе ја купи Калифорнија од Доналд Трамп, откако стана јасно дека секоја странска земја, или територија е на „пазарот“ за купување од страна на трампова Америка.
Над 250 илјади Данци веќе ја имаат потпишано ваквата петиција, уверени дека на тој начин Данска ќе си обезбеди повеќе сонце, палми како и ролери.
„Ова е единствената шанса во животот за да се обезбеди се она што и недостасува на земјата, со откупувањето на оваа територија“- се вели во петицијата.
Ваквото барање се појавува во времето кога десничарот и популист, сега претседател на САД, им порача на Американците дека ќе го купи Гренланд кој е данска територија со полуавтономен статус.
Во петицијата на која се осврнаа низа американски медиуми, уште се вели дека Данска ќе има повеќе погодности од купувањето, како што е подобрувањето на временската погноза, сигурното обезбедување на авокадо и секако- технолошката доминација.
„Наеднаш Данска ќе добие голем број ИТ кадар, што на земјата ќе и помогне за натамошно унапредување на демократијата. Тоа пак ќе и помогне таа да се појави како заштитник на слободниот свет , додека Дизниленд ќе може да се преименува во „Ханс Кристијан Андересен“.
Она што треба само да се направи- освен понудата – е да се обезбедат трилион долари и да се испратат преговарачи во Вашингтон.
После тоа, Калифорнија ќе се преименува во „Нова Данска“ , а Лос Анџелес (сепак) ќе може да си го задржи името.
За разлика од циничните Данци, официјален Копенхаген сериозно ја прими најавата на Трамп дека ( ако треба и со сила) ќе го купи Гренланд, што претходно им го нудеше на своите американски гласачи.
Со спротивставување се огласи и Европа, а Данска во меѓувреме испрати воено засилување на ледениот остров.
Како гест на ароганција, Трамп го испраи синот да го посети островот, кој пак потплати десетина локални бездомници за да го поздрават на аеродромот, кои подоцна биле частени ручек.
На Гренланд постојано живеат 57 илади жители. Над 90 отсто од нив е против навредливата понуда на Трамп.
