Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Орбан: Санкции за НВО финансирани од странство

Орбан: Санкции за НВО финансирани од странство

Виктор Орбан, ултрадесничар, популист и националист кој 15 години деспотски владее со Унгарија, објави дека неговата земја ќе преземе радикални мерки против унгарските невладини организации (НВО) и медиуми, за кои ќе се утврди дека добиваат средства од странство и од разни меѓународни извори.

Познат по своето додворување на крајната десница, тој ја поздрави одлуката на Доналд Трамп да ја затвори американската агенција за меѓународен развој (USAID), која вршеше испорака на хуманитарна помош во странство.

„Време за елиминација“

Пред него тоа го направи само путинова Русија, додека Орбан подршката на трамповата одлука ја објасни така што  таа помош ја обвини дека- се користела за финансирање на  организации и движење кои сакале да ја соборат неговата влада.

Орбан кој е еден од учесниците на конгресот на  европските ултрадесничари во Мадрид има изјавено дека -„сега е моментот кога оваа меѓународна мрежа  мора да биде тргната. Неопходно е правно таа да се оневозможи и понатаму да постои“.

Не е прв пат тој да се пресметува со невладините организации кои само настојуваат да се зацврсне демократијата во земјите од некогашниот комунистички блок, предводен од некогашниот СССР.

Загрозена деспотија

Со години на ред Орбан и неговиот режим ги напаѓаат невладините организации и независните медиуми во Унгарија, носејќи закони и мерки за кои критичарите тврдат дека само се попречува работата на разните групи кои им пружаат заштите на жените , како загрозен дел од тамошното општество.

Како и на малцинските заедници  на кои им нудат правна помош, помагајќи ги човековите права во оваа земја на ЕУ кои се загрозени со деспотијата на Орбан,

Но, унгарските НВО ја разоткриваат  широко раширената корупција и  разните  финансиски афери  во кои се вклучени главно луѓе од потесниот и поширокиот круг на орбановата олигархија.

А, тоа е она што власта не сака да го толерира, па сега настојува да ги обвини дека се обидуваат да извршат некаков удар против режимот, кого власта го прикажува како „патриотизам“ и „заштита на унгарската посебност“.

Шпионирање на неистомислениците

Во 2023 година орбановата крајно-десничарска влада формира т.н. Канцеларија за заштита на (унгарската) сувереност која , инаку, никој не ја загрозува. Ова државно тело, меѓутоа, има сосена друга, политичка задача- да врши истрага на сите НВО и медиуми кои режимот ги нема ставено под своја контрола- за кој се тврди дека се под странска контрола.

Оваа Канцеларија на Орбан има широки овластувања да прибира информации за сите групи кои и пречат на власта- практично ги шпионира сопствените граѓани- посебно оние за кои се верува дека имаат широко влијание во јавноста и влијаат врз јавното мислење.

Демократската јавност ја изедначуваат Канцеларијата со законот за странски агенти  во Русија на Путин со кои така се дисквалификуваат сите критичари на рускиот режим, а пред се тамошните НВО и новинарите кои се останати во земјата, сега веќе и ризикувајќи ги животите.

Раширување на рускиот модел

Самиот Орбан и не крие дека неговиот модел речиси е идентичен со оној создаден во Кремљ, па јавно има изјавено дека луѓето кои работат за организации, како што е на пример, USAID треба да се третираат како „странска агентура“. Што ќе рече дека како такви ќе се соочат со правни последици- што тоа и да значи.

Таквата решеност да се копира Путин, за да се остане на власт неограничено, го прави орбановото решение да се пресмета со  НВО и со независносто новинарство, може да биде  закана и за  невладините организации во Северна Македонија.

Особено што тоа доаѓа од Унгарија, земја која вмровско/бранковистичката коалиција , на која гласачите брзоплето и дадоа мандат, не сокрива дека ги копира  своите стратешни партнери- орбанова Унгарија и вучиќева Србија- две земји со деспотска власт, со задушена демократија кои се пресметуваат со незвисното мислење.

Во Белград ,исто така , има силно мислење во власта дека е потребно да се стават под контрола и НВО и оние пет-шест медиуми кои не се водат како пиони на власта.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе