Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Испитување на потеклото на парите за „Белград на вода“ ?

Испитување на потеклото на парите за „Белград на вода“ ?

Еден од лидерите на опозицијата во Србија, Драган Ѓилас изјави дека „ по смената на власта, ќе уследи испитување на потеклото на парите за сите кои поседуваат недвижен имот во мега проектот „Белград на вода“.

Ѓилас кој е лидер на партијата на Слободата и правдата и поранешен градоначалник на Белград, тврди дека и покрај огромната инвестиција и големите пари што се вложени во проектот, главниот српски град, сепак, делува како да е  запустен, затоа што во ништо друго не се инвестира.

Изигрување на законите

Во исто време градскиот буџет е 2,5 пати поголем отколку пред десет години. Овој  српски политичар кој е претеник во Парламентот , затоа, прашува – каде одат сите тие големи пари. Според него,  тие завршуваат во „џебовите на напредњаците“, односно кај оние бизнисмени кои се дел од владеачката партија СНС на претседателот на државата Александар Вучиќ.

 Ѓилас има речено  дека токму во „Белград на вода“ има најмногу грабеж, неправилности, изигрување на законите, нема  тендери , но затоа има најголема корупција.

Проектот што власта го означува како свое големо постигнување, опозицијата  го означува и како криминален, затоа таму се е дозволено, а притоа не е она што првично било замислено- како на пример , облакодери од 20 катови. 

„Подарок за арапските партнери“

Згора на се, на арапските партнери, вклучени во целиот овој (како што се означува) мегломански проект веќе сега власта на Србија, практично, им има подарено 68 0тсто од се она што таму, на тој локалитет е изградено.

„Белград на вода“  е слика и прилика за тоа каква е и како функционира власта во земјата, поврзана со она што се означува како градежна мафија, со бројните подизведувачи и контролори на градбата кои само земаат пари- има речено.

Тој смета  дека во неговата реализација има и  злоупотреба и кршење на законите и многу корупција, односно дека се менува изгледот на Белград- не како што тоа го имаат замислено урбанистите и архитектите, туку тоа го замислува партијата на Вучиќ и неговите најблиски во редовите на СНС.

Трагедијата во Нови Сад

„Само таму може да се купи стан за големи пари, односно имот без да се знае потклото на парите, како и тоа- дали со купувањето се перат валкани пари .

Токму поради тоа, овој лидер на српската опозиција најавува – барање доказ за потеклото на парите и одземање на имотот доколку се покаже дека купувачот не може да пбезбеди таков доказ.

Ваквата атмосфера, која некој ја означуваат како – враќање во минатото- се создаде по трагедијата во Нови Сад и уривањето на настрешницата на реновираната железничка станица при што загинаа 15 лица.

Пријателот на претседателот

Се откри дека реновирањето го правеле Киннезите а контролата ја имале Унгарците, додека во целата работа- која заврши со фијаско и несреќа- биле вклучени десетици подизведувачи и сите земале пари.

За сите се знае дека се врзани за владеачката партија и блиски до неа. Под притисок на јавноста и протестите- во Белград и во Нови Сад- беа уапсени десетина лица, меѓу кои и еден министер ( за градежништво).

Но тој набрзо беше ослободен. Претседателот на државата, прво призна дека станува збор за негов близок пријател, а потоа дека тој не ги остава „на цедилка“ своите пријатели.

Сега А.Вучиќ зборува дека новосадското обвинителство побрзало кога издало налог за апсење на министерот.

(Д.Б.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе