Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Европа во 2025 година

Европа во 2025 година

Во Новата година Европа и ЕУ влегуваат со повеќето стари состојби и проблеми кои доминираа и во годината што заминува.

Пред се, тоа е војната на европскиот Исток, во Украина која за малку трае веќе три години, и тоа само поради планот  на Владимир Путин- по секоја цена- да грабне барем дел од нејзината територија, ако веќе не може целосно да ја има под своја контрола.

Тука се и состојбите во поранешниот комунистички Исток што путинова Русија го смета како свој двор, кој според Москва и натаму мора да остане руски, или во секој случај да биде со Русите.

Западен Балкан на руски нишан

Секој обид да се тргне по свој пат, или да и се приближи на Европа, Кремљ го казнува. Со воена интервенција,  како во Молдавија, Грузија и Украина, или со дестабилизација на поранешните советски сателитски држави од времето на комунистичка Источна Европа, што сега се дел од западните политичко-воени сојузи.

На нишан на руската агресивност е и Западен Балкан- дел од европскиот континент кој никогаш не бил под руска контрола, дури и во комунизмот, а што уште од царски времиња Москва сака да го поседува.

Оставен надвор од ЕУ-поради европските состојби и политики, но многу повеќе поради балканските состојби, локалните деспотии, корупцијата и старте национализми и омразите едни кон други- ова парче европска земја, кое историски, политички и културно е дел од Европа, сега е локација на која силно мешетари Москва.

Обилно помогната и подржувана од домашните предавници кои власта, брзото стекнување пари и богатство  им се поважни од државата и интересите на луѓето кои ги гласале и ги довеле на власт.

За ЕУ- контра Европа

Во сите земји од Западен Балкан јавноста се изјаснува за европеизација, за влез и членство во ЕУ, но редовно гласа за партии и политички водачи кои се против Унијата и Европа, лажејќи ги гласачите дека некој друг го попречува европскиот пат.

Така е во Србија и тоа трае 12 години, откако сегашната власт ја има ставено земјата под целосна контрола, претворајќи ја во партиска фирма.

Сега уште доведена во фаза на „шарена револуција“ на гневни млади луѓе и граѓани, затоа што што никој од власта не одговара за ништо, што нема правна држава, што власта (неуставно) е во рацете на еден човек, кој владее путиновски, што и уличните протести сурова со казнуваат од партиски тепачи.

Така беше во Македонија , во времето на десничарската деспотија на еден режим кои 11 години ја имаше претворено земјата во компанија за лично богатење на маргинални типови кои со таа власт станаа големи газди и сопственици на државата.

Враќање на режимската власт

Седум години по падот на тој и таков режим, кој за да остане вечно на власт, му ја продаде земјата на Путин, гласачите го вратија на власт.

Откако влезе во сојуз со Србија (која претходно го провлече преку своја територија криминалниот деспот, по неговото бегство од земјата) и со Унгарија на Виктор Орбан, која му даде и уточиште.

На тој начин, старо-новиот режим, практично, се откажа од Европа и од европската идеја. Тоа. гласачите на мајските избори  добро го знаеја, од активноста а вмровското, националистичко и квази-патриотско друштво, додека беа опозиција, па сепак гласаа како што гласаа. 

Сега гласачите се прават дека не гледаат оти е направена голема грешка која ја враќа Северна Македонија назад десет години и веруваат во лагите на еден неспособен премиер дека – друг е виновен што државата  продолжува да заостанува на европскиот пат зад  сите во регионот.

Лажливите приказни на Скопје

Црна Гора затвора три поглавја , а не беше ниту независна држава кога РСМ тргна на европскиот пат. Албанија отвори уште еден кластер, како награда за нејзиит реформски пат, спремноста за правење компромиси и цврстата определеност за ЕУ.

Дури и Србија, во сегашниот политички хаос во кој се наоѓа, за што само таа е виновна, очекува да отвори уште едно поглавје во јануари.

Во меѓувреме,  Исланд најави дека ја активира старата идеја за влаз во ЕУ, а една Грузија, на два пати распарталена од Русија со одземање делови од државната територија, силно настојува да остане на европскиот  пат. Бранејќи го  проеевропскиот пат на барикади во Тбилиси  наспроти , владата које е под контрола на Москва.

Во Скопје, меѓутоа, никој ( освен социјалдемократската опозиција) не се интересира за Европа. Лажливиот премиер зборува за преговори за нешто кое веќе е договорено и прифатено ( пред две години) и оставено како став на сите членки на ЕУ.

Црна Гора и Албанија пред другите

Сега зборува  за некакви гаранции дека нема да има нови блокади ( за РСМ) на патот кон ЕУ и за тоа да се примени договорот- услов , откако земјата ќе влезела во Унијата. Но, тоа што и го продава во домашната јавност, а  го купуваат неговите и  бранковите „верници“,  не проаѓа во Брисел .

Работата е дојдена  во ситуација – земи, или остави- затоа што сега Европа ниту може, во услови на една агресивна, непријателска Русија, а ниту сака, да ги менува своите најнови стратешки планови кон Западен Балкан, со политичари каков е премиерот на РСМ.

Овојпат, Црна Гора и Албанија се главни кандидати за влез во ЕУ до 2030 година, а во Брисел велат дека тоа може да се случи и порано. За оние кои забораваат, или се прават дека заборавиле- за потсетување – Црна Гора и Северна Македонија, претходно беа на тој список,за забрзано влегување во Унијата-  заедно со Србија, или без неа.

ЕУ нема време за пазарење

Брисел, во секој случај, нема време  за да се пазари со вмровците во Скопје и нивниот антиевропеизам. Има за годината што доаѓа мошне важни и тешки задачи за извршување.

Пред новата Европска комисија , освен развлечената  путинова војна, како предизвик за тоа како понатаму стојат ранетата Украина, воено-потикнувачката  Русија и нарцисоидноста на Доналд Трамп.

Но и внатрешните проблеми, како пто се, забавената економија, високите долгови  на водечките економии, како и ограничената способност за дејствување на моторот на ЕУ- двете најголеми држави, Германија и Франција. Првата пред предвремени избори, а втората со отворена владина криза.

Останува за преиспитување и тестирање на издржливоста- помошта за Украина , како финансиска, така и воена. Следната годна, ЕУ од својот буџет, секој месец ќе издвојува по 1,5 милијарди евра како помош за Киев.

Одржување на единството

Освен за украинската, ЕУ во новата година ќе се фокусира и на сопствената одбрана од Русија, во услови кога не се знае како ќе се однесува Трамп.

Не станува збор за некогашната идеја за создавање европска војска, но зголеменото и забрзано вооружување ќе бара уште нови средства, а некои од членките веќе сега се презадолжени.

Затоа и справувањето со долговите се смета за едно од  важните прашања на Унијата во 2025 година, заедно со настојувањето да се спречи трговската војна , што засега, уште не стапнат на должност, како да ја заговара трампова Америка, заканувајќи се на сите страни. 

И сето тоа треба да се изведе во услови на одржување на единството на ЕУ кое “отпадници“ како Орбан, а сега и Словакот Роберт Фицо, го пореметуваат, дејствувајќи контра европските интереси и европското единство.

(О.У.)

 

 

 

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе