Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Албанија го забрани Тик-Ток

Албанија го забрани Тик-Ток

Владата на Албанија одлучи да ја забрани Тик-Ток платформата , со што стана првата земја на Балканот која се има определено на еден ваков чекор.

Одлуката на Тирана ја обелодени  министерката за образование Огерта Манистирлиу, објаснувајќи дека станува збор за одлука која е дел од новиот план на министерството за зголемување на безбедноста во училиштата.

Според нејзиното објаснување , забраната на Тик-Ток се однесува на настојувањето на властите за зголемување на физичката и дигиталната безбедност во албанските училишта, како и за заштита на децата од негативното влијание на социјалните мрежи.

Заштита од социјалните мрежи

Владата во Тирана вели дека е свесна за потребата од мултидисциплинарна подршка меѓу учениците, а посебно за психолошко-емоционалната подршка кога станува збор за возраста, па дека затоа се има определено да се преземе оваа мерка.

Проценка е дека првата ваква реакција- за блокирање на Тик-Ток – веројатно ќе ги покрене и другите да поведат поголема сметка за безбедноста на децата и учениците. Но, колку што се знае, засега, нема најави од другите во регионот за следење на албанскиот пример.

Белград е длабоко заглавен во својата политичка криза, со масовните антивладини протести на студентите и на граѓаните, па се определи да ја прекине училишната година , без да се заклучат оценките за првото полугодие и учениците  ги испрати (многу порано) на зимски одмор.

„Не е избрзано решение“

Нема ништо ниту во Северна Македонија, иако земјата беше спомената во сите регионални медиуми за дваесетината повредени млади и ученици , како последица на „опасната игра Супермен“ која се нуди на Тик-Ток.

За единаесет деца се знае дека завршиле во болница со разни видови повреди, а лекарите имаат изјавено дека многу е веројатно дека бројот на повредените  да е многу поголем, затоа што играта е  создадена за да биде ризична од повредување на телото.

Во секој случај, сите во Албанија не се согласуваат со одлуката на владата, па се огласи и премиерот Еди Рама кој ги отфрли критиките дека станува збор за  „избрзано решение кое  се заснува само на еден случај“.

Премиерот Рама ја брани блокадата

Тој појаснува дека блокадата се однесува за време од една година, но останува на констатацијата дека Тик-Ток е опасен , бидејќи потикнува на насилстви и на малтретирање, посебно меѓу децата.

Пред одлуката на владата, биле направени околу две илјади состаници и разговори со родителските совети во училиштата низ државата.

Компанијата Тик-Ток, од своја страна,  реагираше со несогласување и тврди дека е последица на  единствениот инцидент, за кој уште се оправдува дека не бил поради оваа (инаку ) и во Албанија популарна платформа.

Рама ,меѓутоа, уверува дека инцидетот со еден тинејџер, сепак,  бил директна последица на Тик-Ток , инсистирајќи дека толкувањата за невиноста на платформата се последица на „несфаќањето за тоа што таа носи со себе и за заканата од нејзините алгоритми“.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе