Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Том Круз одликуван од војската на САД

Том Круз одликуван од војската на САД

Холивудската филмска ѕвезда Том Круз е одлкуван со орден на воено-поморските сили на САД за неговата- како што се вели во образложението- исклучителна подршка кон овие воени сили.

Станува збор за неколку негови филмски остварувања, каде се појавува и како актер и како продуцент, како што е тоа случај со „Топ Ган“ и „Маверик“. И во двата филма Круз е пилот во воено-поморските сили и учествува  во специјани операции.

На популарниот актер кој има направено и една цела низа  филмови од  серијата  „Невозможна мисија“ , од војската на САД е награден со највисоко одличје за јавни заслуги, што може да им се додели на граѓански лица.

Високото одликување на Круз му беше доделено во Лондон, во Британија, каде во студијата на „Лонгкрос“ го снима својот најнов филм.

Орденот му го има врачено министерот на морнарицата на САД Карлос дел Торо.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе