Србија: Власта шпионира НВО и новинари
Амнести Интернешенел (АИ) во својот најнов извештај ги обвинува властите во Србија дека илегално имаат инсталирано шпионски софтвер од странско и домашно производство на мобилните телефони на десетици независни новинари, демократски активисти и членови на невладини организации (НВО).
Во својот извештај Амнести посочува форензички докази од исттрагата на нивната безедносна лабораторија, како и сведочење на активисти и новинари кои изјавиле дека биле хакирани.
Хакирање по полициско сослушување
„Во повеќе случаи овие луѓе се имаат пожалено за сомнителното и необјаснето однесување на нивните мобилни телефони, откако претходно биле испрашувани и сослушувани од српската полиција“- наведува АИ во својот извештај.
Белградски медиуми кои се повикуваат на наодите на Амнести, откриваат дека еден локален новинар, во внатрешноста на Србија, кој пишувал за локални теми, но бил и критичен кон власта, се соочил со „чудно однесување “ на неговата мобилка. Тоа се случило откако за еден безначаен сообраќаен прекршок бил приведен во полицијата, каде извесно време му бил одземен телефонот.
Сличен е случајот и на една мирна активистка, на која за зло власта и го зема нејзиното редовно присуство на бројните анти-владини протести. Иако таа никогаш не била обвинета, за време на едно сослушуваље и бил земен телефонот (наводно таква била процедурата), по што нејзиниот апарат веднаш се покажало дека е хакиран.
Снимање на телефонските разговори
Во двата случаи за отклучување на телефоните, пред со српската ( за Андроид) создадена алатка од системот НовиСпај, бил користен софтвер на израелската фирма за надзор и контрола Селебрити ДИ.
Со помош на шпионскиот систем НовиСпај се копирани сите контакти во мобилниот телефон кои потоа се префрлени на сервер што го има под контрола српската тајна служба БИА.
Системот Нови Спај технички е помалку напреден од синиот шпионски систем Пегасус, но тој ,сепак, им овозможува на српските власти да ги снимаат разговорите и од тоа да добиваат секакви ( и лични) податоци од прислушуваниот телефон.
Притоа, овозможувајќи и далечинско вклучување на микрофонот и на камерата кои се вградени во заразената мобилка.
Злоупотреба на помошта од Норвешка
Според Амнести Иинтернешенал, станува збор за тоа дека власта во Србија употребува тактика н дигитална репресија , како инструмент за државна контрола и репресија врз невладините организации и секторот на граѓанското општество.
Во извештајот се посочува и тоа дека српската полиција го користи за шпионирање и форензичките алатки за извлекување податоци од мобилните телефони што Србија ги има добиено како подарок од Норвешка , што се набавени преку агенцијата на ОН за проектни услуги.
Станува збор за пакет што на српската полиција и се дадени меѓу 2017 и 2021 година, за да и се помогне на земјата во нејзината борба со организираниот криминал. Во еден момент, на барање на новрешката амбасада во Белград била запрена испораката, но таа сепак продолжила и била комплетирана во јуни 2021 година.
Молк на власта во Белград
Објаснувањето било дека на тој начин и се помага на Србија да ги исполни обврските (борба со организирниот криминал) за влез на земјата во ЕУ, што според АИ, се покажало дека е злоупотребено за сосема други, нелегални цели – за шпионирање на српските граѓани.
По извештајот на АИ веднаш реагираше владата во Осло, чие МНР побарало од Агенцијата на ОН темелна истрага за однесувањето на српските власти. Но, претставник на норвешката фирма навести блокада на користењето на нејзината софтвер техника , ако се покаже дека е точно она што го открива АИ.
Власта во Белград, засега, молчи за обвинувањето од Амнести и за неговите форензички докази за прислушувањето, па нема реакција ниту од српската влада, а ниту од министерствата за внатрешни и надворешн работи.
Нема одговорни за несреќата во Нови Сад
За некои локални медиуми ( блиски на власта) се има огласено само тајната служба БИА, која е означена како главната локација каде се извршувале овие некегални работи.Во реакција од една реченица се вели дека танува збор за „тривијална работа“ на определени кругови.
Скандалот со прилушувањето во Србија се случува во време на најголемата политичка криза во земјата и на силното бранување на српската јавност која е поделена околу нереагирањето на власта на претседателот Александар Вучиќ по несреќата во Нови Сад.
При паѓањето на настрешницата на пред некој месец реновираната и дадена во употреба новосадска железничка станица загинаа 15 лица, а две се уште се борат за своите животи.
Опозицијата бара одговорност и казнување на виновниците, а на нивните протеси масово се приклучуваат и студентите од факултетите во Белград, Нови Сад, Ниш, Крагуевац и други места, но сега и средношколците од низа српски гимназии.
Студентите ги предводат протестите
Секој ден , во низа градови има протести и 15 минутно стоење во место на граѓаните со што им се одава почит на загинатите, на што власта во стилот на познатите десничарски деспотии од Балканот реагира брутално.
Аналитичари велат дека Србија е во ситуација како пред падот на Слободан Милошевиќ.
Наместо да ги заштите лугето, полицијата не реагира на нападите врз луѓето додека одаваат почит, провоцирајќи инциденти, за да се обвинува опозицијата дека намерно, за политички цели создава хаос и настојува да ја собори власта со- странски пари.
Во таквите провокации има партиски тепачи и насилници кои со возила, возејќи брзо низ толпата граѓани, веќе имаат повредено неколку лица.
Подршка на студентските протести
Со подршка на протестите и на студентските блокади низ Србија се огласија и студентите на Универзитетот „Кирил и Методи“од Скопје , како и студенти од универзитетите од Загреб, Сараево и Подгорица.
Скопските студенти потсетуваат дека и тие пред некоја година се бореа против деспотијата на тогашниот вмровски режим. Се бореа и против прислушувањето на граѓаните , како што сега тоа е регистрирано и во Србија, од страна на Амнести Интернешенел.
Колку што се знае ( засега) обимот на хакирање на мобилните телефони е помал од македонскиот , кога беа прислушувани 25 илјади граѓани, но српската опозиција верува дека бројката што ја посочува АИ е сигурно поголема.
Во Белград велат дека без разлика на тоа, сега барем знаат како тоа власта на владеачката партија СНС знае дури и што разговаат и што прават луѓето во своите станови (ако се закана за власта), и како таквите работи завршуваат во таблоидите на српскиот режим.
(С.Г.)