Богатството на избеганиот диктатор
Избеганиот сириски диктатор почнува во Москва да живее нов жив0т- на развластен, суров и брутален властодржец- силно „нафатиран“ со пари и недвижен имот во разни делови од светот.
Но сега се дознава дека имот има и во самата Русија, чиј режим ги подржува и обично ги прима кај себе, за да колку -толку им се оддолжи за лојалноста, ако веќе не може да ги задржи на власт.
Башар ал Асад, неговата сопруга Асме, инаку родена како Британка, и нивните три деца- ќерка и два сина-затоа ( засега) немаат зашто да се грижат.
Повеќе од две милијарди долари
Според американскот Стејт департмент , Асадовци имаат на располагање, за живот и за трошење, над две милијарди долари, обезбедени во време додека Сирија и Сиријците страдаа и гинеа во грѓанска војна.
Се смета дека ова богатство е стекнато на разни начини во диктаторски режими, кога лидерите на таквите земји веруваат дека државата е нивна приватна своина и се чува преку тајни, сокриени сметки, на име на фиктивни фирми и во недвижен имот во разните белосветски даночни оази.
Само во Москва Асад поседува 20 луксузни и скапи станови во отмениот станбено-деловен комплекс „Сити оф Капиталс“ каде живеат најбогатите Руси, но каде се сместен и некои од руските министерства и агенции. Проценка е дека московските станови имаат вредност од над 30 милиони евра.
Прашање е , меѓутоа, дали избеганиот диктатор ќе се смести во некои од своите московски станови, или ќе побара некоја отмена вила, за да го продолжи животот во раскош, како во Дамаск.
Во раскош, или во илегала
Тоа ќе зависи и од безбедносната ситуација врзана за Асад, односно од потенцијалната закана тој (како бегалец) да биде ликвидуран и казнет за своите злодела кон сопствениот народ. Во тој случај, Асадовци ќе мораат да живеат во „илегала“,
Особено откако гневните Сиријци навлегоа во резденцијата на диктаторот и целосно ја имаат ограбено и кога се отворија вратите на злогласниот затвор, каде Асад ги има чувано противниците на режимот, меѓу кои како „опасни злосторници“ се држеле и деца.
Во сокриена гаража под резиденцијата се откриени и десетици скапи автомобили- повеќе „Мерцедеси“ потоа „Бентли„ и “Ролс Ројс“, како и модели на „Ламборџини“ и „Ферари“- веројатно набавени за децата на диктаторот и неговата сопруга.
За сопругата Асме која боледува од леукемија, се вели дека била покренувач на огромното трошење- во една прилика има потрошено 350 илјади евра во еден ден.