Џо Бајден го помилува својот син
Американскиот претседател Џо Бајден соопшти дека го помилувал својот најмлад син Хантер (54) кој го очекуваше изрекувањето на казната – за нелегално поседување огнено оружје и за прикривање данок.
Во изјавата за американската јавност Бајден има речено дека – „ниту едно разумно лице кое ги гледа фактите во случајот на Хантер, не може да дојде до друг заклучок, освен до оној дека Хантер е издвоен и е создаден само затоа што тој е мој син, а тоа е сосема погрешно„- има речено претседателот, инсистирајќи дека „тоа е судска грешка“.
Претседателот го смени мислењето
Ваквата одлука на шефот на државата ( на која според Уставот има право, како претседател на заминување) е различна од неговото поранешно тврдење дека тој- иако татко во овој случај- нема за синот да го употреби претседателското помилување.
Хантер Бајден на процесот во септември, пред судот во Лос Анџелес се изјасни како виновен, за да нема судење.
Овој поранешен адвокат и бизнисмен кој сега не се занинава ниту со адвокатурата, а ниту со бизнисот, се соочуваше со една точка од обвинувањето на кое беше изложен- за прикривање данок и со две точки за лажна даночна пријава- за неплаќање данок од 1,4 милиони долари, во изминатите десет години.
Акција на политичките противници
Синот на претседателот годинава веќе осудена за давање лажна изјава во врска со зависноста од дрога, при купувањето огнено оружје.
Станува збор за престап кој бил направен во сојузната држава Делавер, која е политичка база на актуелниот претседател. Во моментот на помилувањето, синот Хантер очекуваше да дознае колкава казна ќе добие за секој од овие случаи.
„Реков од порано дека нема да се мешам во одлуката на Министерството за правда и го одржав тоа ветување, Дури и кога видов дека мојот син селективно и неправедно се прогонува“- изјави Бајден.
Според претседателот- „обвинувањата во случајот со Хантер се појавија дури откако неколкумина мои ( на Џо Бајден) политички противници во Конгресот , потикнаа напади врз мене и се спротивставија на мојот избор“. ( за претседател за изборите во 2020 година),
„Политиката го зарази процесот“
„Верувам во американскиот правосуден систем, но исто така верувам и во тоа дека грубиот облик на политика го има заразено тој процес, што доведе до неостварената правда„- има речено во изјавата претседателот Џо Бајден, кој на 20 јануари го завршува својот претседателски мандат.
Правењето случај против синот на Бајден, се појави уште во 2016 година кога почнаа да му се прикачуваат низа обвинувања ( во политичката јавност и во медиумите).
Тоа е времето кога таткото го имаше завршено својот потпретседателски мандат ( со Барак Обама, како претседател на САД), а кога Доналд Трамп влегуваше во Белата куќа. После едни крајно контроверзни избори во кои демократите (и Хилари Клинтон како претседателски кандидат) обвинуваа за руско мешање во изборниот процес, во полза на Трамп и републиканците.
Користење на врските на таткото ?
Тогаш се појавија тврдењата дека Хантер Бајден „земал поткуп“ од Украинците за еден проект на компанијата „Бурисма“ во која тој беше еден од членовите на Управниот одбор. Односно дека (наводно) ги користел политичките врски на таткото – контактирајќи со амбасадорот на САД во Италија, додека Џо Бајден беше американски потпретседател.
Всушност, синот Бајден, во името на компанијата има напишано писмо за тогашниот амбасадор во Рим. Во него ( според адвокатите на Хантер) компанијта барала од дипломатите да ги поврзат со раководителите на регионот Тоскана за проектите, планирани да се градат во тој дел од Италија.
Притоа, не се одржал ниту еден состанок, ниеден проект не е реализиран, а ништо не било барано од САД. За сето ова има потврда и од лица кои биле вклучени во намерите на компанијата.
Недокажани обвинувања
Сепак, републиканците продолжија со обвинувањата кон претседателот Бајден и други членови од семејството- што со ништо не беа докажувани- дека се „замешани во финансиски малверзации“.
Се покажа дека дури немало ниту лобирање како што тврдеа републиканците, во времето кога, сега (одново) избраниот претседател Трамп, поведе „војна“ со демократите околу обвинувањето за “руска врска“ во неговиот избор во 2016 година.
Ваквите напади и обвинувања ( посебно кон Хантер) продолжија додека Трамп беше во опозиција и на сите страни обвинуваше дека „му била одземена победата“ на изборите во 2020 година, иако беше уверливо поразен од Џо Бајден, а ниту полицијата, ниту судовите не најдоа докази за трамповите обвинувања.
Трамп бара помилување и за пучистите
Трамп досега нема признаено дека беше поразен, одби да се појави инаугурацијата во јануари 2021 година на новиотпретседател, потикна дури и насилство и обид за пуч на 6 јануари таа година, пуч за да спречи Конгресот на САД да ги потврди изборните резултати.
Сето тоа заврши со упад на толпа ултрадесничари и расисти и со смрт на пет лица, меѓу кои и еден полицаец.
Доналд Трамп сега реагираше на одлуката на актуелниот претседател да го помилува својот син. За идниот шеф на државата, тоа е „злоупотреба ( на функцијата ) и погрешна одлука“.
Но, зад ваквата реакција се крие (практично) неговото незадоволство што оние кои тој ги потикна да го нападнат Конгресот , означувајќи ги како „чувари на Уставот на САД“ се осудени на високи затворски казни и не се опфатени со претседателското помилување.
Замрзнување на судските процеси
Одлуката на Бајден доаѓа во време кога веднаш по изборите и трамповата победа неколку судови во некои јужни сојузни држави на САД, се откажаа од судење , или обвинителите ги повлекоа случаите противТрамп, врзани за неговото лажно обвинување- за наводен фалсификат на изборите пред четири години.
Судот во Њујорк се определи да чека четири години ( за време на сегашниот мандат) за изрекување на пресудата на Трамп за политички поткуп ( случајот со порно ѕвездата Сторми Даниелс), откакако поротатата го прогласи за виновен и осуден,
Еден суд во Пенсилванија не му забрани на Илон Маск да купува гласови ( за Трамп) додека тој самиот и натаму се заканува дека ќе ги прогонува оние кои му се замериле и дека ќе ги ослободи од затвор пучистите од Капитол, од пред четири години.
(В.А.)