Документарен филм за Елтон Џон
Документарниот филм за британската пејачка легенда Елтон Џон, под наслов „Никогаш не е доцна“, премиерно ќе биде прикажан на 13 декември.
Филмот го следи животот на Елтон Џон и првите години од неговата долга и извонредна кариера, а компанијата „Дизни“ настојува да биде прикажан додека траат подготовките за неговиот последен концерт во Северна Америка.
Историско испраќање
Како што велат медиумите- во историското испраќање- какво немало досега, Елтон Џон ги води гледачите низ своите скромни почетоци, како млад почетник на музичката сцена, низ бројните тешкотии со кои се соочувал. Како злоставувањето и зависноста од наркотиците- се до големите успеси и претворањето во ѕвезда и икона каков што светот го знае сега, на крајот од полувековната кариерата.
Документарецот е исполнет со неговите најголеми хитови, со бројни снимки од неговата лична архива, нудејќи притоа и негов личен преглед на историјата на поп музиката.
Во филмот се прикажани и снимки од неговиот- сега може да се рече- историски настап со Џон Ленон во клубот „Трубадур“ во 1970 година, на последниот јавен настап на прославениот „Битлс“.
Нераскажана приказна
Станува збор за филмски портрет на еден од најславните личности во поп музиката, каде се нуди реќиси единствен преглед на неговото искачување кон врвот, неговиот пад и повторното враќање на врвот.
Според компанијата „Дизни“ овој документарец нуди увид во ексклузивниот пристап на Елтон Џон на сцената, но и зад кулисите , давајќи им на гледачите приказна за овој пејач и музичар , која никогаш досега не е раскажана.
Филмот за Елтон Џон го имаат режирано тројца режисери – Реј Катлер, Дејвид Фарниш ( неговиот животен партнер) и Тревор Смит.