„Христијаните не се плашат од крај на светот“
„Христијаните не се плашат од крајот на светот“- има речено поглаварот на Руската православна црква (РПЦ), патријархот Кирил, зборувајќи на седницата на рускиот (православен) национален собор, на кој се осврнал и на можноста од употреба и на нуклеарното оружје- за да се порази Украина, за да се обезбеди победата на путинова Русија и да се казни Западот.
Според Кирил,распирувањето страв , од некакви апокалиптични сценарија , од претераниот алармизам и од шпекулациите врзани за нуклерното прашање, не се корисни гледано од духовната страна на целата оваа ситуација.
Благослов за нуклеарното оружје
„Непријателот на човештвото се обидува да посее тескобност и страв во срцата на луѓето , затоа што на тој начин полесно може да манипулира со некого кој е лишен од духовниот свет„- има речено патријархот кој уште порачува дека -„не треба да се поигрува со тоа, затоа што -христијаните не се плашат од т.н. крај на светот.
„Го очекуваме Исус кој ќе дојде овенчан со слава, ќе го уништи злото и ќе им суди на сите народи„- има порачано поглаварот на РПЦ.
Во своето обраќање тој исто така рекол дека и покрај бестрашноста на христијаните, не треба да се седи со скрстени раце. Наместо тоа, црковната мисија на земјата е (сите ) да се претворат во – војници на господ- за да се одбранат високите морални идеали и за да се спротивстават на злото.Тоа,според Кирил, била и цел на Русија.
Мислејќи на војната што Русија сега ја води на украинска територија и индиректно давајќи подршка од страна на црквата, за евентуалената (руска ) употреба на нуклерното оружје.
Воинствениот патријарх
Конечно, проповедајќи некаква бестрашност на христијаните од можниот крај на светот рускиот патријарх ги има благословено научниците што имаат развиено и унапредено едно вакво- како што го има наречено-неверојатно оружје.
Поглаварот на РПЦ уште еднаш се декларира себе си како единствениот верски лидер во светот- уште прикажувајќи се и како духовен водач на сите православни христијани- кој благословува убиствено оружје и оние кои го имаат смислено.
Исто онака како што тој е единствениот кој наместо да се залага за праведен мир, благословува и потикнува освојувачка војна, агресија и запоседнување на туѓа територија. Без грижа за страдањето на невини цивили- Украинци.
Лојален сојузник на Путин
Кирил излегува дека е најголемиот и најлојален сојузник и подржувач на Владимир Путин и на неговиот режим, не само кога станува збор за војната во Украина, туку и за кризите што путинова Русија ги создава во земјите од поранешниот СССР.
Пред се, во Молдавија, Грузија и Ерменија, но и во екс комунистичките земји од поранешниот Источен блок, како што се Бугарија и Романија.
На домашен терен, РПЦ и нејзиниот патријарх учествуваат во пресметката на Кремљ и режимот со политичките противници на Путин, како и во настојувањето на Русија да стане предводник на православните христијани во Европа и светот, наместо Вселенскиот Патријарх во Константинопол (Истанбул).
Во таа верско/ политичка војна се вклучени ( на руска страна) и српската и бугарската црква, како и просрпско/проруското крило во Синодот на МПЦ.
(С.Г.)