Солун има метро
Вториот по големина град во Грција- Солун, од крајот на ноември има своја подземна железница, после децениско градење и вложени неколку милијарди евра.
Досега, единствено метро во земјата имаше главниот грчки град Атина, изградено за Олимписките игри во 2004 година- од новиот аеродром до атинскиот плоштад Омонија.
Архeолошки музеј под земја
Солунското метро (официјално) е почнато да се гради во почетокот на двеилјадитите години. Но во текот на долгата изградба се соочуваше со истите проблеми кои ги имаше и иаградбата на атинската подземна железница- бројните историски наоѓалишта на самата траса и околу неа.
Во Солун работниците имаат откриено и еден цел пазар од времето на Византија, како и гробишта од времето на Римската Империја.
Таквите откритија го имаат блокирано градењето , откако е отворено прашањето за тоа како да продолжи изградбата, а при тоа да не се уништува историското наследство. Решението е најдено на тој начин што се споени-историјата и минатото, со сегашното модерно време.
Така, сега во солунското метро- патниците пред да влезат во возот може да уживаат во гледањето на археолошките откритија од доцните антички времиња и раниот Среден век- сите поставени во уредениот подземен музеј- што велат дека е единствен таков случај во светот.
Тунелот е на 31 метри длабочина
Официјално, грчките власти велат дека изградбата траела повеќе од 20 години- затоа што освен со откривањето археолошките артефакти – Грција цели десет години, од 2000 до 2019 година- беше соочена со голема финансиска криза, во текот на која земјата (практично) беше банкротирана.
Во тоа време имаше навестувања дека изградбата на солунското метро ќе се запре и ќе се остави за подобри времиња.
Метрото е поставено на длабочина од 31 метри- поради археолошките откритија- на тој начин сега се над тунелот по кој се движат возовите.
Медиумите велат дека изградбата чини над три милијарди евра. а засега се изградени само 9,5 км.