Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Измамничката Ружа (сепак) е жива

Измамничката Ружа (сепак) е жива

Измамничката Ружа Игнатова, Бугарка по потекло, по која трагаат неколку полиции во светот, меѓу кои и американското ФБИ, неколку години се води  како исчезната, па некои безбедносни и полициски експерти, а и медиуми (згледа избразно) ја прогласија за мртва.

Верувајќи дека е ликвидирана од некои од моќните, меѓународни криминални организации- како казна за направената измама. Но, истрагата што ја има нашравено  истражувачки тим на британското Би-Би-Си, открива дека Ружа, која на потерниците се означува како Руја, е жива. И уште  продолжува со измамите- главно кон оние кои еднаш  се измамени.

„Кралица на крипто валутите“

Оваа измамничка стана глобален криминален случај, откако прво беше означувана како „кралица на крипто-валутите“ за да потоа се прикаже во вистинското светло- како најголемата измамничка во светот на овие пари, по кои и натаму се полакомуваат оние кои сакаат брзо и лесно да се збогатат.

На меѓународната потерница по криминалци, Ружа Игнатова е третото најбарано лице,  на листата на ФБИ, а Американците имаат распишано и награда од пет милиони долари за добивање информации  кои може да помогнат таа да биде најдена и уапсена.

Освен парите на вложувачите во нејзината фирма „One Coin“, што ги има присвоено  (украдено), таа има испрано огромни пари на разни криминални картели и на олигарси  кои на тој начин ги имаат пренесено своите валкани пари.

Измамничката продолжува да измамува 

Сите пари, меѓутоа, се „замрзнати“ и блокирани, па се верува дека само тоа е и причината што таа е се уште жива- бидејќи само со нејзиниот потпис- преку нејзините ополномоштени  адвокати, може да се одмрзне и одблокира определена сума и да се извлече пари преку судовите.

Во август годинава, на пример, овластени адвокатски фирми на Ружа Игнатова успеале да деблокираат- преку судот во Дубаи- 50 милиони долари. Се смета дека тоа е доказ оти таа е жива.

Нова трага и потврда за тврдењето на новинарскиот истражувачки тим , околу судбината на бугарската измамничка, е појавата на информацијата од Кејптаун, во Јужна Африка.

Еден тамошен весник , кој се повикувал на заштитен сведок, има објавено детали за  минатогодишното убиството на извесен Красимир Каменов, што за трагачите  по неа е доказ дека  Ружа не смо што е жива, туку дека продолжува ( на големо) и да пере валкани пари.

Се знае дека таа има разгранета своја мрежа на советници и шпиони од кои се дознава дека е вовлечена во разни кривични дела со организираниот криминал кој ја известува за ситуацијата, па секој кој се соочува да биде обвинет, во последен момент, пред да биде префрлен во некоја земја, за судење, успева да исчезне без трага.

ФБИ ја бара низ целиот свет сега и затоа што со помош на базата на податоци за секоја од жртвите од „One Coin“, се покренуваат нови шеми , на кои уште еднаш се лепат лакоми и лековерни лица, додека криминалците продолжуваат да заработуваат милиони. 

Бегство со четири милијарди

Канцелариите на фирмата на Игнатова во центарот на Софија одамна се затворени, уште од 2017 година, кога оваа криминална „кралица на крипто валутите“ исчезна, присвојувајќи четири милијарди долари.

Досега, во септември 2023 година соосновачот на фирмата Карл Гринвуд е осуден на 20 години затвор.

Во јануари оваа година , адвокатот на Игнатова, беше осуден на десет годни затвор- затоа што се откри дека и тој има перено криминални, валкани пари, додека во април годинава Бугарката Ирина  Дилкинска доби четири години затвор, како раководител на фирмата на Ружа Игнатова.

Сите три пресуди се изречени од федерален суд во САД. 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе