Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Фон дер Лајен интервенирала како лекар

Фон дер Лајен интервенирала како лекар

Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија (ЕК) интервенирала- пружајќи лекарска помош на патник- кому нагло му се слошило за  време на авионски лет.

Низа европски медиуми ја објавија оваа информација , барајќи потврда за тоа во Брисел. Подоцна веста и официјално ја има потврдено портпаролот на Фон дер Лајен.

Претседателката на ЕК патувала од Цирих за Брисел , кога капетанот на летот побарал помош – прашувајќи дали во авионот, меѓу патниците има лекар, или барем патник со медицинско познавање- што е вообичаена постапка  во вакви ситуации. 

Се јавила Фон дер Лајен, која по професија е лекар и останала покрај заболениот патник, пружајќи му помош до крајот на летот- додека авионот не слетал во Брисел.

Пред да се посвети на политиката, откако на лондонската школа за економија (ЛСЕ) судирала и дипломирала економија и политика, Урсула фон дер Лајен во Германија има дипломирано  медицина и поседува докторска титула.

„Најмоќната жена во Европа“, како што ја нарекуваат западноевропските медиуми, е и мајка на седум деца.

Според медиумите, таа со своите соработници, патувала кон Брисел, враќајки се од Самитот Г-20 што се одржа во Бразил, во Рио де Жанеиро.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе