Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Самарас исклучен од Неа демократија

Самарас исклучен од Неа демократија

Коннтроверзниот грчки политичар Андонис Самарас (73), поранешен министер за надворешни работи и премиер, е исклучен од партијата Неа демократиа, чиј лидер беше во еден период.

Ваквата одлука била донесена затоа што ги критикувал сите одлуки на владата во Атина, за односите со Турција.

По втор пат во судир со владата

Самарас во една прилика има побарано од премиерот Мицотакис да го смени шефот на дипломатијата , затоа што (наводно) постојано им попушта на барањата на Анкара. Познат како остар конзервативец, но и како  тврд нацоналист, тој во периодот меѓу 2012 и 2015 година   беше премиер на Грција.

Портпаролот на владата, за исклучувањето на бившиот премиер од партијата,  објаснил дека Самарас има изразено  силно несогласување со целокупната владина политика и дека многу често , искривено ги има прикажувано изјавите на министерот за надворешни работи.

„Тоа повеќе не може да се толерира, ниту да се прифаќа, без да се реагира. Особено што Самарас по втор пат од 1993 година самиот се има спротивставено на владината политика и се има ставено надвор од Неа Демократиа“-  изјавил портпаролот на грчката влада.

Еднаш со Скопје, сега против Анкара

Во 1992 година, беше министер за надворешни работи во владата на тогашниот премиер  Константинос Мицотакис, инаку татко на актуелниот премиер Киријакос Мицотакис.

Беше сменет од функцијата откако силно се спротивставуваше на владината политика кон тогашна Република Македонија, околу спорот на Атина и Скопје за името на новата независна држава на Балканот.

Самарас инсистираше во името на грчката северна сосетка да го нема зборот „Македонија“ и заговараше тврд курс кон властите во Скопје. Сето тоа во време кога Слободан Милошевиќ му предлагаша на таткото Мицотакис, Србија и Грција да ја поделат Македонија- северот на Србија, а југот на Грција, за да може одново да бидат соседни земји.

Во изјавата по сегашното исклучување , Самарас има речено дека – „одлуката на Мицотакис се показател за ароганција и за очигледен недостиг на присебност“.

Опасност од владина криза

Најновиот раскин на односите на овие двајца политичари , меѓутоа, може да создаде владина криза, доколку истераниот од партијата повлече со себе некои од пратениците на Неа демократиа кои досега беа негови сојузници.

Станува збор за мала, националистичка група во партијата која ја обвинува владата за тоа дека оди премногу кон центарот на политиката, наместо да остане во десниот блок, Но, и дека  води премногу попустлива политика (кон Турција), обвинувајќи ги притоа премиерот и владата за донесувањето на законот за истополови бракови.

Во 1993 година, Самарас гневен што беше сменет од министерската функција, со неколку пратеници предизвика пад на владата, отворајќи пат за 10 годишното владеење на левичарскот Пасок. Создаде своја партија- нарекивајќи ја Политичка пролет -која кусо време опстана, пред да исчезне.

Повторување на сценариото ?

Во интервју за весникот „Вима“, Самарас како да  настојува да го повтори сценариото од пред 30  години, сметајќи на малото владино мнозинство во Парламентт во Атина, од само шест пратеници. Во интервјуто тој (пакосно) заговара и смена на сегашната претседателка на Грција Катерина Сакеларопулу, чиј мандат истекува во почетокот на 2025 година.

Пред пет години, таа беше избрана и со гласовите на Неа демократија, па сега Самарас заговара- наместо неа, за нов претседател да се избере Костас Караманлис, кој беше премиер на Грција до 2009 година од редовите на Неа демократиа, но сега се има повлечено од политиката. 

На премиерската функција го наследи Самарас. Тогаш, тој не само што се врати во партијата, туку успеа да стане и премиер, откако ја елиминира како претендент и се веруваше- сигурен победник, Дора Бакојани- ќерка  на починатиот татко Мицотакис и сестра на актуелниот премиер.

(С.Г.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе