Радмила Шекеринска- заменик генерален секретар на НАТО
Генералниот секретар на НАТО Марк Руте соопшти дека за нов заменик на Алијансата ја постави Радмила Шекеринска, македонска политичарка која беше поранешна министерка за одбрана во Северна Македонија.
„Срекен сум што може да соопштам за именувањето на Радмила Шекеринска за нова заменичка на генералниот секретар. Таа навистина верува во НАТО, знае што е потребно да се направи за приклучувањето во НАТО и знае што значи за да се биде полноправна членка„- има речено Руте објавувајќи ја својата одлука. Додавајќи притоа дека се радува што ќе работи со неа, откако ќе ја преземе должноста.
Шекеринска (52) беше потпретседател во владата на Зоран Заев , раководејќи со секторот за европска интеграција, а потоа и министер за одбрана (првата жена на таа функција), од пред влегувањето на Северна Македонија во НАТО, во 2020 година.
Станува збор и за долгогодишен функционер во Социјал-демократскиот сојуз на Мкедонија (СДСМ), која енергично застана н позицијата за влез на државата во НАТО и во ЕУ. Судирајќи се притоа со националитичкиот и антиевропски блок во државата, но и со одметнатото крило на социјал-демократите кое и правеше силни опструкции и блокади на правата, вистински проевропска македонска влада.
Марк Руте кој од минатиот месец ја презеде функцијата генерален секретар на НАТО, беше премиер на Холандија и важи за политичар кој најдолго на Западот бил на премиерската позиција во својата земја.
Радмила Шекеринска би требало да ја преземе должноста во НАТО до крајот на оваа година.