Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

„Мрежата Икс/Твитер е премногу отровна“

„Мрежата Икс/Твитер е премногу отровна“

Британскиот весник „Гардијан“ објави дека редакцијата има одлучено да престане да ги дели  содржините од своите налози со социјалната мрежа Икс/Твитер.

Во соопштението се вели дека за ваквото решение весникот размислувал вече извесно време, откако било сфатено дека пласирањето на прилози на Икс им носи повеќе штета отколку полза.

Десничарски теории за заговор

„Сакаме да ги известиме читателите дека веќе нема да се поставуваат содржините од “Гардијан“ на оваа социјална мрежа-и тоа за било кого.

Овој лондонски весник има 80 налози  на Икс/Твитер со околу 27 милиони следбеници.

Весникот и порталот имаат порачано дека подолго време се загрижени за многу работи кои се пласираат на Икс, а пред се, разните десничарски теории за постоењето на  заговори, како и за нескриениот расизам.

Сето тоа е само интензивирано и засилено пред и по американските претседателски избори избори, што само ја има забрзано одлуката за повлекување од оваа социјална мрежа.

Користење за политичко влијание

„За една ваква одлука, ние во „Гардијан“ долго размислувавме, откако на мрежата се пласираа вознемирувачки содржини кои беа промовирани на оваа платформа и бројните десничарски теории“ – објаснуваат од весникот.

Според нивното толкување, кампањата за претседателските избори во САД, само го потврди она што се претпоставувало и за што во весниикот и порталот се размислувало. Станува збор за тоа дека Икс/Твитер е претворена во токсична медиумска платформа . 

А, посебно тоа дека нејзиниот сопственик Илон Маск , од самиот почеток, го  користи нејзиното влијание за да ги обликува политичкиот профил и идеологијата која ја застапува. 

Групата за борба против говорот на омразата, како и лидерите на ЕУ, во неколку прилики го имаат критикувано сопственикот на платформата Маск , поради „отровната“ содржина на социјалната мрежа.

Во служба на Трамп

Во 2022 година, тој ја купи мрежата од дотогашниот сопственик за 44 милијарди долари. И со  толкави пари Маск не успеа да го задржи претходниот број на следбеници/посетители.

Посебно кога стана јасно дека платформата се претвора во десничарски медиум кој се полни со лажни вести и дезинформации- за политички потреби.

За претседателските избори во Америка мрежата стана пропагандно гласило на крајната десница во САД , во служба на Доналд Трамп.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе