Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Ќерката на Маск бега од трампова Америка

Ќерката на Маск бега од трампова Америка

Третата ќерка на милијардерот Илон Маск- најголемиот и најбогат подржувач на Доналд Трамп- веднаш по изборите во САД , соопшти дека ја напушта Америка, поради изборот на републиканскиот кандидат за нов американски претседател.

Вивијан Џена Вилсон (20) важи за неомилена кај својот татко, откако тој ги има прекинато врските со  ќерката, прикажувајќи ја во јавноста како – „жртва на вирусот на разулавената памет“.

„Ќерката пропагира комунизам“

Тој ја има обвинето ќерката Вивијан дека е „комунист и дека пропагира комунизам“ затоа што тврди дека секој кој е (многу) богат- во основа е зол човек.

Мислејќи притоа и на својот роден татко кој е најбогатиот човек во светот и кој последниве неколку години се има покажано и како крајно зол- што го има манифестирано и во текот на  својата силна вклученост  во кампањата на Трамп, за кого (оние кои го познаваат и кои имаат работено со него) тврдат дека е ист како и Маск.

Таткото и ќерката ги имаат прекинато сите врски од 2022 година, откако таа има поднесено барање за менување на полот и за промена на своето име.

Но, нејзината сегашна реакција доаѓа по победата на Трамп на изборите за претседател и по сознанието дека нејзиниот татко е најголемиот донатор за трамповата изборна кампања.

Целосно прекинати врски

Како сега стојат работите, таткото Маск ( освен што со изборната победа го има зголемено своето богатство за над 20 милијарди долари, додека Трамп  за милијарда ), својата голма врзаност за победникот на изборите ќе го наплати и на друг начин.

Во Вашингтон се предвидува Маск да добие и некаква „важна функција“ во администацијата на новиот претседател – најверојатно како „егзекутор“ на федералната администрација.

„Размислувам за заминување веќе некое време, но сега дефинитивно знам дека морам да си одам од (трампова) Америка. Во неа не ја гледам својата иднина со претседател каков е Доналд Трамп“- има објавено Вивијан на социјалната мрежа Тредс.

Таткото ултра-конзервативец

Според ќерката на Маск- дури Трамп да остане четири години на власт, анти транс регулативата што тој и неговите ќе ја воспостават, а таа  по некое чудо да не фати корен, лугето кои гласаа  за него- никаде нема да заминат- тие ќе останат во САД.

Вивијан Џена Вилсон е едно од шесте деца на Маск со неговта прва сопруга. Таткото кој има речено дека  во 2020 гласал  за Бајден, се има претворено во ултра-конзервативец.

Според него- „неомарксистите“ на приватните училишта и универзитети ја „преобратиле“ неговата ќерка. Како и Трамп и тој не дава доказ за таквото обвинување.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе