Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Руско лажно видео за гласање во Џорџија

Руско лажно видео за гласање во Џорџија

Три американски безбедносни агенции, меѓу кои и ФБИ, обвинија руски служби за креирање влијание и правење лажни вести дека тие го имаат направено лажното видео на кое се гледа наводен имигрант од Хаити кој тврди дека повеќепати има гласано во сојузната држава Џорџија.

Во соопштението на агенциите, во кое се има вклучено и агенцијата за сајбер криминал се вели дека станува збор за измислен имигрант и за  лажно видео, подметнато во последните денови , пред претседателските избори.

Руски фарми на тролови

Овој  измислен имигрант, па уште од Хаити, со кои Трамп се пресметува,  во видеото зборува дека на 5 ноември ќе гласа – и тоа повеќепати во два окрузи во Џорџија – за Камала Харис.

Џорџија е една од седумте т.н. клучни држави кои важат за колебливи, затоа што во нив нема јасен фаворит за изборите. Се смета дека  токму овие држави ќе го одлучат победникот во електорското броење на гласовите, затоа што Харис и Трамп водат „мртва трка“ во самиот финиш на изборната кампања.

Државниот секретар на Џорџија  изјави дека „очигледно е оти станува збор за лажно видео од руските фарми на тролови кои се обидуваат да посеат раздор и хаос пред гласањето“.

Според неговото објаснување, ова руско видео е едно од бројните дезинформации кои се присутни во изборната кампања оваа година и како потврда за странското мешање во изборниот процес.

Лажни вести и дезинформации

Безбедносните служби кои своето открите го имаат дадено на агенцијата ВОА ( Гласот на Америка) го оценуваат видеото со лажниот гласач од Хаити кој гласа за демократскиот кандидат, како „дел од широките напори на Москва да се доведе во прашања  интегритетот на американските избори и над се – да се потикне поделба меѓу Американците„.

Овие руски фарми за ширење лажни вести и создавање хаос во американската јавност,  имаат направено и пласирано и едно друго видео.

Во него  лажно се обвинува лице, поврзано со лидерите на демократската партија, дека примиле мито од еден шоумен, подржувач на демократите.

„Цврстите момчиња Путин и Ким“

ВОА открива дека ваквите постапки на Москва траат со месеци наназад и тие се слични на она што Русите  го правеа и пред изборите во 2016 година, дисквалификувајќи ја тогаш Хилари Клинтон, кога со помош на Викиликс откриваа работи за Демократската партија.

И тогаш, а и сега Москва прави се што може да му помогне на Доналд Трамп, за кого знаат дека можат да го манипулираат, затоа што  смета дека тој „може да се справи со Путин“.

На митинг во Тексас, во градот Остин, минатиот месец Трамп се воодушевувал со деспотот од Кремљ и со севернокорејскиот диктатор Ким, означувајќи ги како „цврсти момчиња кои си ја знаат добро својата работа“.

Москва му помага на Трамп

Измислиците во лажното видео од Џорџија треба максимално да го подражат Трамп кој се фали дека „требало да остане на власт во 2о2о година ( кога загуби уверливо).

Според него, кога тој бил во Белата куќа,  „границите на САД биле цврсти“, што  е – fake news- и пример за  едно од неговите бројни лажни изјави, затоа што, едмоставно,  не е така.

Но, Џорџија е одбрана и затоа што токму од таа сојузна држава Трамп тргна да се пресметува со демократска Америка, зборувајќи дека „ му била украдена победата“ – тврдење што ниту еден суд на САД, па и Врховниот, не го подржаа.

За оваа сојузна држава Трамп и најмногу се заканува дека ќе апси и ќе суди.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе