Поврзете се со нас

Skopje Global

Западен Балкан

Србија со најмногу југоносталгичари

Србија со најмногу југоносталгичари

Повеќе од 30 години по бурниот и крвав распад на поранешната сојузна држава Југославија, носталгијата кон неа и натаму е силна во сите нејзини поранешни републики, сега независни држави- открива истажувањето на Галуп.

Според добиените сознанија за расположението на луѓето, сега, после три децении излегува дека голем дел од нив оценува дека со распадаот на поранешната заедничка, сојузна држава им донел повеќе штета, отколку корист.

„Распадот на екс ЈУ е грешка“

Притоа, најголемиот број на југоносталгичари има во Србија. Дури 81 отсто од анкетираните се согласуваат дека – одлуката да се растури и да се распадна Југославија, било голема грешка.

Така мислат и 77 отсто од населението на БиХ, 65 отсто од лугето во Црна Гора, како и 61 отсто од жителите во Северна Македонија.

Помалку жал по поранешната федерација, која требаше да се заснива врз братстото и единството на сите нејзени жители, е регистрирано во Словенија- каде 45 отсто од учесниците во истражувањето мислат така, а потоа во Хрватска со 23 отсто.

Во Косово, поранешна југословенска покраина, која во 2008 година прогласи независност,  само 10 отсто од лугето сметаат дека било грешка распаѓањето на екс СФРЈ.

Социјализам со „човечко лице“

Истражувачите на Галуп потсетуваат дека сојузната држава – од шест републики и две автономни покраини, во тој облик постоеше од 1945, до 1992 година. Беше социјалистичка држава, со еднопартиски систем , со самоуправно уредување, со моделот на социјализам со „човечко лице“.

Овој модел сакаше да го спроведе  кај себе поранешна Чехословачка, низ т.н. „Прашка пролет“, но ортодоксните комунисти во земјата, предводени од Советска Русија тоа го прогласија за обид за преврат и за одење во капитализам.

Во август 1968 година, армијата на СССР и на сите други комунистички земји од Истокот (освен Романија), членки на тогашниот Варшавски пакт, извршија инвазија и ја соборија власта на чехословачките, реформски определени комунисти. Инвазијата ја означија и ја бранеа како „братска помош“.

Земја со углед во светот

Тогашна Југославија застана зад обидот на Чехословаците да изградат поинаков систем , различен од советскиот, па поради тоа се соочи со советската закана и врз неа да се изврши инвазија, како казна за обидот да се рашири самоуправнниот социјализам.

До казнување на СФРЈ , сепак, не дојде затоа што земјата веќе имаше изградено силен углед во светот, со својата борба против нацизмот и фашизмот, со силниот отпор на Сталин, да не биде дел од советскиот идеолошки, воен и економски блок и со неврзаното движење во тогашниот поделен свет на Западот и Истокот. 

Меѓутоа, 24 години потоа Југославија се распадна- носена на распалениот национализам, како и популизмот дека некој друг е виновен за состојбите во некоја од републиките, покривајќи го тоа со „националната загрозеност“ и со незатворените приказни од Втората светска војна.

Национализмот го растури единството

Постоеше иницијатива да се спаси Југослевија, за заедничка држава врз конфедерална основа. Но тоа пропадна поради отпорот на Србија и на Слободан Милошевиќ кој бараше „сите Срби да живеат во една држава“, не прифаќајки , како што зборуваше- „Србите во ниту една од републиките да бидат малцинство“.

На таа националистичка филозофија се спротивставија сите другите, а пред сите Слованија и Хрватска, која, пак,  на српскиот национализам одговори со распалување на хрватскиот.

Војна избувна во „српска„ Славонија, со користење на паравоените српски сили, па потоа и во Словенија, кога се замеша и сојузната армија, по што беше јасно дека нема да има ништо од зачувување на некогашната заедничка држава.

Виновникот жали за жртвата

Според Галуп, излегува дека сега Србија, која се означува како главниот виновник што СФРЈ не опстана, најмногу жали по бившата сојузна држава.

Сето тоа во услови на се уште силниот српски национализам, во време кога одново се заговара некаков „српски свет“ што тргнува од српската енклава во БиХ, каде војната беше и најсурова и однесе најмногу животи и каде беше извршен и единствениот геноцид во Европа, по Втората светска војна, врз Муслиманите во Сребреница.

Некому ваквото реагирање на српската јавност му изгледа и нормално, со оглед дека ништо од она што во Белград се заговараше не се оствари за српската страна. Иако перјаниците на српскиот национализам продолжуваат да војуваат со Хрватите и со нивната национална реторика, кога станува збор за Србија. 

Шлаканица за македонските националисти

Министер во владата во Белград бара да се прекинат дипломатските односи со Загреб, затоа што ( наводно) хрватските „усташи“ како што има речемо министерот- „планираат да го убијат српскиот претседател“- нарекувајќи го премиерот на Хрватска- „усташки лидер“.

Податокот дека 61 отсто од луѓето во Северна Македонија смета дека било грешка распадот на Југославија , може да се толкува како шлаканица за вмровскиот национализам и нивната ароганција дека само тие се некакви патриоти и заштитници на  македонизмот.

Негирајќи ја притоа и историјата-  за тоа дека Македонија својата самобитност, национална и јазчичка посебност ја има стекнато во државата што 30 години не постои. Откако, пред 80 години,  за прв пат стана меѓународно- правно признат субјект, а не само објект кон кој други претендираат.

(С.С.Г.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Западен Балкан

Горе