Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Одново бегство од Евровизија

Одново бегство од Евровизија

Северна Македонија нема да учествува на популарниот и гледан избор за песна на Евровизија , што на пролет, во 2025 година се одржува во Базел, во Швајцарија.

Станува збор за трета година , едно по друго, што ке помине без присуство настап на македонски претставник и без македонска песна, иако Евросонгот е единствената можност за излез н домашната популарнаа  музика на европската сцена.

МРТВ нема пари за Евросонг

Последен пат на Евовизискиот фестивал, земјата учествуваше во 2022 година, со анонимната Андреа Коевска која , како и македонскиот претставник, една година  пред неа, не успеа да се пласира во финалната вечер на натпреварувањето кое, инаку, се гледа во цела Европа, како  и во делови од САД и Австралија.

Како тоа обично се случува, во МРТВ и овој пат нема објаснување за причините за откажувањето, освен дека во јавниот сервис, што се финансира од парите на сите граѓани на РСМ, немало пари. Односно дека во буџетот на МРТВ кој главно оди за платите на прекубројно вработениот состав, не била предвидена ставка за учество на Евросонгот.

Најдобар резултат и најголем успех, земјата постигна во 2019 година, во Тел Авив, во Израел кога пејачката Тамара Тодевска се пласира на високото осмо место.

Бојкот на сопствената песна

Овој успех, меѓутоа, беше поматен со скандалозното бојкотирање при гласањето на (македонските) гледачи, откако стана јасно дека под притисок на (тогаш) вмровската опозиција и на нивните „задгранични комитети“ , сместени низ европските земји и во Австралија, македонската дијаспора не гласаше за македонската песна.

Само затоа што таа година за прв пат земјата настапи под името Северна Македонија, а не како ФИРОМ ( Поранешна југословенска република Македонија), како што настапуваше една година пред тоа и во сите години кога вмровците беа на власт во државата.

Таквиот бојкот на сопствената песна не е забележан во историјата на евровизиската песна, започната уште во средината на педесетите години на 20 век.

Политичко решение

Тоа предизвика големо изненадување и кај водителите на натпреварот во Тел Авив, но  и  огорченост кај македонските гледачи , затоа што песната на Тодевска до тој момент постојано беше при врвот.

Згора на се, кога пејачката и нејзината екипа се вратија во Скопје, вмровското друштво ја обвинуваше дека не ја знаела  химната на државата. Обвинување кое доаѓаше  од оние кои си го имаат сменето националниот идентитет- за добивање бугарско државјанство и  пасош на Бугарија.

Според тоа, сегашното повторено бегство од Евровизја, впечаток е, дека има политичка реа.

Посебно што Северна Македонија одново има вмровска влада , која  ако навистина парите биле проблем, можеше да интервенира со пари (сега и од унгарско/кинескиот заем), како во годините кога земјата беше означена како ФИРОМ.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе