Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Милијардерот Маск работел како илегалец во САД

Милијардерот Маск работел како илегалец во САД

Милијардерот Илон Маск, најголемиот подржувач на Доналд Трамп, кој како и неговиот политички газда- се претвори во најостриот противник на илегалната имиграција и за тоа шири дезинформации на социјалните мрежи- и самиот бил илегален имигрант во Америка.

Според угледнот весник „Вашингтон Пост“  Маск ја има започнато својата кариера во Силициумската долина работејќи како илегалец- доселеник во САД.

Наместо на студии, во бизнис

Весникот се повикува на негови деловни соработници, на судски материјали и на бизнис документацијата која ја имал на увид и притоа открива дека Маск немал законско право да работи во Америка, во време додека го создавал Zip2.

Станува збор за софтверска компанија за деловни директориуми , што потоа (пред 25 години) ја има продадено за 300 милиони долари.

Маск кој е роден во Преторија , како  Јужноафриканец, дошол во САД на постдипломски студии , на Универзитетот во Станфорд во 1995 година, но како странски студент, многу брзо го напуштил стуирањето – за да работи на свој стартап.

„Статусот на Маск не бил законски“

„Вашингтон Пост“ открива дека имигрантскиот статус на Маск не му дозволувал – компанијата што ја создал- да може да се финансира.

Според договорот што го направил, дојденецот од Јужна Африка , за финансирање на  неговата фирма, тој неговиот брат Кимбал и еден соработник, имале рок од 45 денови за да обезбедат легален статус во Америка- за да може да работи- или ќе ја загубат инвестицијата што тогаш вредела три ммилиони долари.

Извори на весникот од компанијата Zip2 имаат изјавено дека инвеститорите не сакале да се случи основачот на компанијата да биде депортиран ( за илегално работење), што значи дека статусот на браќата Маск – „не бил законски, не бил во согласнист со прописите за легално работење и за раководење со компанија во САД“.

Лажни вести и манипулации

Самиот Маск го има признаено својот имиграциски статус кој го имал кога ја формирал својата компанија , во еден мејл од 2005 година, упатен до со-основачите на „Тесла“. Во таа прилика тој  самиот има откриено дека само се пријавил на Станфорд ( како постдипломец)  за да може да остане во САД.

Маск сега важи за најбогат човек на планетата, поседувајќи 245 милијарди долари. На својата социјална мрежа Икс , поранешен Твитер, што го има купено (велат)  за да може да се промовира себе си и својата политичка идеологија, има над 1300 објави за имиграцијата, но  и измами комуницирајќи со гласачите.

Во последно време, тој силно се има вклучено во кампањата на Трамп,купувајќи ги лугето во т.н. неопределени држави во САД, за да гласаат за неговиот изборен фаворит- за Трамп.

Братот против Илон

Кога станува збор за имигрантските години, во 2013 година дури и неговиот роден брат Кимбал признал дека инвеститорите сфатиле дека – „Илон и јас бевме илегални имигранти во Америка“.

До пред десет години, Илон Маск важеше за голем подржувач на имиграцијата, па дури предлагал и проширување на американскиот имиграциски систем – за да секој кој вреди , кој е чесен и кој сака да придонесе за Америка, да може да влезе и да работи и да живее во САД.

Сега, меѓутоа, Илон Маск продава други приказни и како и  Трамп, зборува дезиформации и шири лажни вести, правејќи од тоа разни теории за некаков заговор, а најчесто дека американските Демократи ( ако победат) ќе им обезбеделе и право на глас на илегалците.

Односно дека со масовното примање на илегални мигранти, се настојувало да се урне двопартизмот во американскиот политички систем и да се создаде еднопартиски систем во државата.

„Маск го има прекршено законот„

Во меѓувреме, тој го има оспорено пишувањето на „Вашингтон Пост“, уверувајќи дека не бил илегалец кога почнувал бизнис во Америка. Тврди дека имал две дозволи за престој и дека имал и “привремена дозвола за работа“, но факт е дека во основа ништо не демантира. 

Во својот познат груб и арогантен стил на однесување ја има искористено и оваа ситуација во која се има заплеткано- за да ја дисквалификува противничката на Трамп, демократскиот противкандидат Камала Харис- означувајќи ја како “куклата на Бајден“ и дека „лаже кога тврди дека бил илегалец во САД“.

Реакцијата на Маск уследи откако во саботата, на еден митинг во Пенсилванија, претседателот Џо Бајден цитирал еден извештај, според кој -Илон Маск бил илегален работник додека бил во САД.

„Требало да биде на школување, кога дошол во Америка, со студентска виза. А, не бил на никакви студии. Маск го има прекршено законот“- рекол претседателот Бајден.

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе