Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Илон Маск купува гласови за Трамп

Илон Маск купува гласови за Трамп

Контроверзниот американски милијардер Илон Маск, инаку голем пријател и политички подржувач на Доналд Трамп, подарува по еден милион долари, секој ден, на случајно избрани, но регистрирани гласачи, кои се уште се немаат определено за кого ќе гласаат на претседателските избори во САД, следниот месец.

Победнкот се определува меѓу оние кои претходно ја имаат потпишано – како што се објаснува- проуставната петиција на проМаск предизборната кампањска група „AmericaРAC“.

Храбрење на гласачите на Трамп

Таа е создадена само за да ја подржува кандидатурата на републиканскиот претседателски кандидат Трамп, за да може тој одново да се врати во Белата куќа, од каде замина пред четири години , по поразот од демократот Џо Бајден на изборите во 2020 година.

Според британското  Би-Би-Си , веќе бил предаден првиот чек, на (велат) изненадениот гласач од градот Харисбург, во сојузната држава Пенсилванија.

Маск и неговото друштво, кое се верува дека е во тесна комуникација со изборната кампања на Трамп, на овој начин сака -„ да се охрабрат потенцијалните трампови гласачи, за да се вклучат во предизборната кампања“- во последните недели пред изборите на 5 ноември.

Така зборува и прави многу богатиот Илон Маск, а тоа  од страна, како божем незаинтересирано,  го подржува и Трамп, не размислувајќи многу за легалноста на една ваква политичка и изборна „томбола“.

Парична и затворска казна

Но, правни експерти и професори по изборно право, сите без исклучок, се согласуваат дека ова што замислил Маск и го прави за својот истомисленик- арогантен милијардер кој по секоја цена сака  уште еднаш да биде претседател на Америка- е сосема нелегално и спротивно на законот.

Федерален закон предвидува дека -секој кој плати, или се понуди да плати, или пак прифати плаќање – за регистрирање за гласање- се соочува со парична казна од десет илјади долари, или затвор до пет години.

Во целата оваа работа, некои аналитичари велат дека Маск се прави недоветен. Тој зборува дека бара од гласачите на Пенсилванија- една од сојузните држави кои важат за   неопределени за гласањето, а кои поради тоа можат да бидат пресудни во определувањето на конечниот победик- да го потпишуваат формуларот  во државите кои важат за „колебливи“ – каква што важи и Пенсилванија.

Незаконска постапка

Меѓутоа , од легална ( и од морална) страна се доведува под прашање-  намерата на Маск ( и на трамповиот штаб) со  една ваква стратагија- која  патем се спроведува во последните две недели пред гласањето на Американците.

Технички гледано, Маск бара од гласачите  да се потпишуваат на  формулар во т.н. „колебливи“ сојузни држави . Но, вака регистрираните гласови, автоматски ги прави незаконски – изјавил за британскиот медиум професор и експерт од Правниот факултет на Универзитетот Калифорнија (УКЛА).

Работата е во тоа  што оној кој ќе ја потпише петицијата на Илон Маск- за тоа дека ја подржува слободата на говорот, како и правото за поседување оружје- треба и да се легитимира .

Милијардерот  регистрира гласачи

Односно, мора да остави податоци за себе и контакт адреса кај кампањската група „AmericaРAC“, што пак и овозможува на групата да комуницира со овие луѓе-гласачи, потоа да ги прикажува како да се гласачи на Трамп и во крајна смисла и да ги тера- како платени- да гласаат за републиканскиот кандидат.

Илон Маск, претходно, најави дека ќе му дава по 47 долари на секој кој со себе ќе доведе регистриран гласач и тоа во секоја од „колебливите“ американски сојузни држави, каде (изгледа) дека овој милијардер и републиканскиот политички врв , се несигурни дека ќе ги привлечат гласачите на своја страна.

Намерата и со оваа   најава на Маск  беше да се натераат лугето да ја потпишат  петицијата.  Меѓутоа, се смета дека станува збор за мамка, затоа што слободата на говорот ( никогаш во САД)  не се доведува во прашање.

Сомнителна петиција за човекови слободи

За овие избори главната тема во кампањата се миграцијата, посебно илегалната,  економијата и правото на абортус, а не поседувањето оружје, без разлика на силно нараснатиот процент на злоупотреба на неговата употреба  и масовните убиства и од страна на малолетници.

Некои правни експерти ,затоа, сметаат дека ( во основа) со приказната за потпишување на „некаква петиција за човекови слободи и права“ се крие заканата за купување на гласови за Трамп, како и за прелевање на гласовите на оние што ќе се потпишуваат на формуларите, на контото на републиканецот Трамп.

Слободата на говорот оди до таму што републиканецот, како кандидат за претседател,  на еден свој митинг , на своите симпатизери им има речено дека – работата на Камала Харис, како потпретседател на САД. била обични гом…ици.

Пари во изборниот процес

Во такви услови, проусавноста што ја продава Маск, добива сосема друга тежина и значење , доколку овој милијардер, како и Трамп, мисли дека нападот врз зградата на Конгресот на САД, симболот на американската уставност и на човековите слободи, треба да се толкува како право на слободно изразување.

Односно, дека изведувањето пуч, потикнат од Белата куќа, за да се игнорира изборната волја на граѓаните, се означува како „одбрана на демократијата и на уставноста“- како пто тоа се правеше на 6 јануари 2023 година, на Капитол Хил во Вашингтон.

Во секој случај, правни експерти се сигурни во тоа дека внесувањето пари во процесот на гласањето и тоа на еден ваков начин, може да ги идентификува гласачите , уште и платени да се определуваат за кандидатот за кого добиле пари.

(В.А.)

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе