Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Геј лидерката на АфД за канцелар ?

Геј лидерката на АфД за канцелар ?

Алис Вајдел е  лидерка на партијата АфД (Алтернатива за Германија), која не ја сокрива својата блискост со нео-нацизмот, продавајќи им ја својата мрачна идеологија на Германците, како алтернатива и решение за сегашната состојба во германското општество.

Истата Вајдел, меѓутоа, во приватниот живот е типчен либерал од повисоката средна класа и го прави сето она што партијата, која ја предводи, им го прикажува на лугето како – зло против кое Германија требало остро да се бори.

Во истополов брак со мигрантка

Таа е геј, живее во партнерска, истополова заедница, која ја смета за брак, затоа што се смета за мажена за друга жена. Партнерката е доселеник-мигрант од Шри Ланка, со која има и две деца, добиени од сурогат мајка.

Што ќе рече, во приватниот живот, Вајдел  го прави она што АфД го осудува – истополовите брачни заедници, како и напливот на мигранти, за кои најтврдите ултра-десничари зборуваат дека треба да се протерааат, дури и оние кои веќе се германски државјани.

Таква каква е,  таа  е во апсолутно малцинство во нејзината партија. Никој не знае колкав е процентот на хомосексуалците во ова крајно-десничарско друштво, а  кои се сокриваат во АфД- и од партиските луѓе и од јавноста.

Сите против АфД

Но, таа е во малцинство и како жена-политичарка во оваа партија, која важи за  изразито машка. Таа е цамо една од девете жени во пратеничката група на АфД во германскиот Бундестаг, а лидерската позиција ја дели- со машко.

Сепак, Алис Вајдел има најавено дека сака да биде канцелар на Германија, доколку нејзината партија би победила на изборите за федералниот Бундестаг, предвидени за една година.

Германски политички аналитичари, меѓутоа,   проценуваат дека шансата Вајдел да биде кандидат за канцелар е – рамна на нула.

Таа не би поминала ниту во нејзината партија, а се смета дека и кога (теоретски) сепак би била кандидат, а на изборите АфД би освоила најмногу гласови-  не би станала канцелар. Ниту една друга партија не би правела коалиција со нејзините ултра-десничари.

Раст на крајната десница

Според последните мерења на рејтингот на партиите, АфД на следните федерални избори не би освоила повеќе од 20 отсто од германските гласови. Тоа би било двојно повеќе од резултатите постигнати во 2021 кога ултрашите освоија 10, 3 отсто од гласовите, наспроти 12,6 отсто во 2017 година. 

Во секој случај, партијата и ултрадесничарењето е во пораст. Во покраината Есен, на пример, АфД има освоено 18,4 отсто од гласовите, додека во Тирингија, во Источна Германија ( каде партијата пред десет години беше создадена), ултрашите есенва обезбедија подршка од дури 32,8 отсто.

Тоа ја загрижи демократска и либерална Германија, затоа што станува збор за мачно потсетување од минатото-  за  област, во која во триесетите години на 20 век, прв пат имаат победено хитлеровите нацисти, пред потоа да ја  освојат цела Германија.

Вајдел како „челична леди“

Како и да е, има една година време за разврска на германската политичка сцена, на која Вајдел сега ја продава десничарската , националистичка и популистичка демагогија, идентична со онаа на другите вакви партии во Европа.

Таа се нуди како некаква германска „челична леди“- како Британката Маргарет Тачер во осумдесетите години на 20 век- но со ништо  не ја заслужува споредбата со поранешната британска премиерка.

Лидерката на алтернативците зборува за реформа на ЕУ- што би значеле вртење на Унијата кон крајното десничарење , заканувајќи се дека ако тоа не помине , на сите земји- членки ќе треба да им се дозволи да одлучат дали ќе останат во Унијата.

Омилена закана која на јавноста и ја продаваат ултра-десничарите, како наводно решение за ЕУ. Како што тоа го правеше Марин Ле Пен, или потоа и Холанѓанецот Герт Вилдер, односно Виктор Орбан кој се обидува својата политичка фрустрација да ја разрешува во ова друштво.

Лажно и неискрено

Кога станува збор за Алис Вајдел, малку е веројатно дека таа би можела да се истурка во првите редови на европската крајна десница,  затоа што продожува и натаму да го покрива нео-нацизмот во редовите на партијата  и луѓето кои се сомничат за тоа.

За нив, во домашната јавност , обично,  зборува дека „ тие луѓе добро ја извршуваат работата“, иако некои од нив се и судени за нео-нацизам.

На тој начин настојува да се прикажува како блиска на „тврдолинијашите“, што пак е спротивно од сликата што паралелно ја гради , со својот приватен живот.

Сето тоа е и лажно и неискрено. Но демагогијата и лажните парадерство е типично за ултрадесницата- за националистите и за фрустрираните-  што  не е својство само за АфД, туку и за сите такви партии.

(Б.Г.)

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе