Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

„Австралија може да биде република“

„Австралија може да биде република“

Британскиот крал Чарлс изјави дека Австралија може да биде република, наместо устава монархија доколку тоа го сакаат и за тоа се определат Австралијанците.

Изјавата е дадена пред неговиот сегашен престој во оваа земја-континент и пред посетата на  пацифичкиот остров Самоа, каде треба да се оджи Самит на лидерите на британскиот Комонвелт.

Уште пред да замине од Лондон, кралската Бакингамска палата соопшти дека има разменето писма со австралиското републиканско движење, кое инаку заговара „оделување“ на земјата од британската монархија.

Референдум во 1999 година

Според лондонскиот проконзервативен весник „Дејли Меил“ кој ја откри преписката, станало збор за идниот статус на Австралија и за барањето на австралиските републиканци да се сретнат со Чарлс, за време на неговиот престој на австралиска територија.

Притоа, од страна на Палатата, а во името на кралот, било порачано дека – „само од Австралијанците и од австралиската јавност зависи дали нивната држава ќе остане уставна монархија, или ќе стане република“.

Од кралската палата, исто така, било порачано дека -„ кралот е уставен монарх кој дејствува врз  основа на ставовите и позициите на владата и на министрите, затоа и прашањето за идниот статус на Австралија е прашање на Австралијанците“.

Референдум за ова прашање , во Австралија е организиран во 1999 година, кога мнозинството од лугето се определија за останувањето на земјата како уставна монархија.

На почетокот од оваа година, сегашната австралиска влада соопшти дека прашањето за статусот и за нов референдум- не се работи што таа ги има планирано во својот мандат.

„Навреда за кралот Чарлс“

Нема сознанија дека британскиот крал ќе се сретне со републиканците, но домашните мохархисти ги обвинуваат некои од премиерите на австралиските регионални влади , дека е „навреда на кралот“ доколку не би се појавиле на приемот организиран во чест на кралот и на кралицата Камила, која го придружува.

Републиканските активисти, од своја страна, посетата на кралот Чарлс ја  одбележуваат со  потсмешливи плакати на кои пишува дека станува збор за негова последна посета, како крал, затоа што земјата ќе стане република.

Последните анкети на јавното мислење покажуваат дека мнозинството Австралијанци, сепак, не се за менување на статусот на државата, иако процентот на монархистите се намалува.

Карипскиот остров Барбадос, непосредно пред смрта на кралицата Елизабета, се определи да се одели од британската круна и се прогласи за република.

(И.Г.) 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе