Поврзете се со нас

Skopje Global

camels in a desert

Екстра Глобал

Поплава во Сахара

Поплава во Сахара

Дводневните силни врнежи од дожд, пред крајот на септември, во неколку подрачја од пустината Сахара, во југоисточните делови од Мароко, веднаш го имаат надминато годишниот (мошне низок) просек , што предизвикало поплави во тој регион.

Во соопштението на мароканската метеоролошка служба се вели дека во селото Тагунту, околу 450 км. јужно од главниот град Рабат, зврнал дожд во висина од 10 см. во текот на 24 часови. Тоа било доволно за да се создадт проблеми за локалното население.

Наполнето езеро празно 50 години

Сателитските снимки направени во тие делови на Мароко, покажуваат дека езерото Ирики, за кое се знае дека 50 години е суво и без капка вода во него, сега ,  забрзано се полни.

Метеоролозите изјавуваат дека во изминатте над 40 години, не биле регистрирани вакви врнежи од дожд и волку големо количество наврната вода, во еден крајно кус период, што само покажува колку силни биле врнежите.

Експерти ваквата појава ја означуваат како екстратропска олуја, додека стручњаците за силниот дожд и за сахараските поплави велат дека се последица на глобалните климатски промени кои годинава се насекаде забележани, па дури и во делови од најголемата пустина во светот.

Водата предизвика и земјотрес

Домашните метеоролози проценуваат дека ова што се случи, сигурно е дека ќе остави последици во следните месеци, а можеби и години, затоа што задржувањето на водата, после едно вакво невреме, ќе предизвика засилено испарување, а тоа ќе донесе нови олуи.

Во поплавите во сахарскиот дел од Мароко, се загинати 18 лица, а се тврди дека и земјотресот што бил регистриран по тоа, е последица од поплавата.

Медиумите пишуваат дека вода има во сите акумулации на југоистокот на земјата, за кои се знае дека биле празни со децении наназад.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе