Отказ за Фергусон од Манчестер Јунајтед
Сер Алекс Фергусон, поранешен долгогодишен менаџер на Манчестер Јунајтед, од времето на најголемата слава на овој фубалски клуб, повеќе нема да биде дел од него, ниту во својство на глобален амбасадор.
Косопственикот на Манчестер, Џим Ратклиф, директор на хемискиот конгломерат Инеоса, го има известено 82 годишниот Фергусон дека, од крајот на оваа сезона, повеќе нема да биде на платниот список на Манчестер Јунајтед.
Намалување на трошоците
Како причина за отказот се наведува настојувањето на сопствениците и на управата, за намалувањето на трошоците на клубот за кои се смета дека се превисоки. Во овој момент, на платниот список на клубот има дури 250 вработени, па зато е донесена одлука за „чистка„ меѓу вработените, која го зафати и прославениот тренер.
Ваквата постапка и присилното тргање на Фергусон од клубот, предизвика бранување во англиската спортска јавност , затоа што станува збор за еден од најуспешните тренери на „Црвените ѓаволи“.
Тој го водеше клубот од 1986 до 2013-та година и во тој период, заедно со фудбалерите, беа освоени 13 титули во Премиер лигата, пет ФА купови, и два трофеја на Лигата на шампионите на Европа.
Најуспешен менаџер
Со самото тоа што има осцовени повеќе од половина од сите титули во историјата на овој клуб, Шкотланганецот Алекс Фергусон важи за еден од најуспешните менаџери кои го воделе клубот.
После неговото заминување од тренерската позиција, низа домашни и странски тренери се најдоа на тренерското кормило, меѓу нив и познати имиња, но никој не успеа да му се приближи во настојувањето да се врати старата слава на клубот од Манчестер.