Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Орбан ја нуди само Србија во ЕУ

Орбан ја нуди само Србија во ЕУ

„Проширувањто на ЕУ останува приоритет и на унгарското претседателство, но Унијата мора да се насочи само на Србија, пред сите другите“- има речено Виктор Орбан во својата елаборација на активностите на Будимпешта до крајот на оваа година, до кога трае шестмесечното претседавање на Унгарија со ЕУ.

Таквата унгарска позиција, за забрзано форсираење на српското членство во Унијата, доаѓа во време на продолжена  политичка и општествена криза во земјата, во услови кога ниту српската политичка јавност, а посебно власта, не остава впечаток дека е вистински наклонета кон целосно врзување за ЕУ.

Национализам и русофилство

Земјата има покренато повеќе поглавја во рамките на преговарачкиот процес, но над три години нема отворено ниту едно ново, па впечаток во Белград е дека власта воопшто не се возбудува поради тоа, ниту пак прави било каков напор да се надмине целосниот застој на европскиот пат.

Згора на тоа, уште и често форсирајќи анти-европски наратив, со одржување на национализмот, русофилството и анти-западнато расположение, на што е подлегната и дел од српската опозиција.

Европејството и европеизацијата- како стретешка цел- е оставена на неколку медиуми кои, меѓутоа,  за националистичката јавниост, која редовно гласа за партиите на власт,  се означуваат како „анти-српски“ или како „западни шпионски филијали“.

Орбан кој има исклучително блиски врски со српскиот претседател, а во Белград орбанова Унгарија се означува за „стратешки партнер“ – сепак, инсистира на форсирање на една ваква Србија во ЕУ, пред сите други кандидати , затоа што – „оваа земја била клучна за безбедноста на регионот“.

Форсирање на сметка на другите

Ваквото позиционирање на Србија- сите другите да ја чекаат неа при влегувањето во Унијата- е познато од времето кога унгарскиот дипломат Вархаји беше комесар за проширување и по налог на Орбан, ги “фризираше“ извештаите за српскиот напредок на европскиот пат, за сметка на Црна Гора, Северна Македонија, Албанија.

Дипломати во Брисел тврдат дека српската страна, сега, тоа го има уредено и како своја стратегија.

На тој начин, со директното мешање во политиката на Црна Гора, внесувајќи свои кадри, како и во БиХ, со помош на Милорад Додик и неговото парталење на Босна, преку однесувањето на српската енклава Република Српска, го има задржено напредувањето на овие две земји-кандидатки.

За Црна Гора (велат во Брисел) оценката е дека има отидено најдалеку, како кандидат да влезе во Унијата до крајот на 2030 година, до кога во ЕУ сакаат да биде примена првата нова членка од регионот.

Скопје го имитира Белград

На листата за брзо влегување во ЕУ беше и РСМ, заедно со Албанија и Црна Гора, но тој процес свесно го блокира новата власт во Скопје со својот национализам, антиевропејството, како и антизападниот наратив на вмровско/бранковистичката коалиција, од што профитираа во Тирана, која во теквата ситуација-  излезе за прв пат пред Северна Македонија.

Новата власт во Скопје, во меѓувреме,  веднаш покажа дека  настојува во однесувањето и во политиката се да ја имитира Србија.

Што ќе рече, само со неа во регионот да гради специјални врски, преку неа да кокетира со русофилството и да ја враќа Кина на македонскиот простор,  за некакви прескапи мегаломански проекти кои се само во функција иа Пекинг, како и на српско-унгарската дружба.

Сите тие покрената пред десет години од Орбан и Александар Вучиќ, заедно со избеганиот македонски екс премиер, осуден за корупција.

Не помогна гоштевањето во Охрид

Во тие рамки, сегашната  влада во Скопје побрза (одново) да се збратимува со Орбан и со неговото анти-европејство, да го прогласува за свој стратешки партнер, да земе заем од половина милијарди евра, договорен додека вмровците беа во опозиција, а максимално сомнителен, како потенцијално коруптивен и да го гоштева во Охрид.

Македонскиот туристички центар беше единственото место, а РСМ единствената држава во Европа која Орбан ја посети (уште со сите  државнички таламбаси),  во првите три месеци од неговото ротирачко претседавање со ЕУ, покрај вазалските визити на Москва и на Пекинг.

Сепак, и покрај поданичкиот однос на актуелниот премиер кон Унгарецот, овој заборави на Северна Македонија , па зборува само за Србија , како некаков регионален предводник, кога станува збор за проширувањето на ЕУ.

Дволична игра на Унгарецот

Исто онака, како што Орбан „заборави“ на РСМ и кога Европскиот совет на ЕУ ја прифати обврската за земјата- пред почетокот на формалните преговори за влез во Унијата- Скопје да го затвори спорот со Софија- со техничка корекција на преамбулата на Уставот на РСМ.

Не стави вето на таквото компромисно решение, инаку во македонски интерес, за нејзините европски амбиции,  зад кое застана целата Унија , имајќи ја и подршката на САД.

Се покажа и тогаш, а се потврдува и сега дека унгарскиот премиер ја третира само Србија како свој партнер за сите негови потези на и околу Западен Балкан и за главниот играч во регионот.

Задоволни што се „горди“

Подржувајќи го политичкиот проект на Србија за т.н. „српски свет“, затоа што се покажува дека преку оваа земја, побрзо и полесно го освојува регионот, вклучувајќи го и унгарското навлегување во Северна Македонија, во медиумската сфера и во телекомуникациите, но и како врска за инфилтрирањето  на Кина.

Впечаток во Скопје е дека во власта, која во првите 100 денови има катастрофални резултати, не сметајќи го популизам за тоа  дека светот почнува со вмровците- нема нездоволство што и нивниот пријател и наводен подржувач- Орбан ги остава во заднината.

Затоа што на ова друштво  кое сега е на власт, важни им се личните позиции, власта, парите и моќта, (каква и да е), за да може  да зборуваат дека Македонците биле одново „горди“. 

Балкански мангуплаци

Европа и Унијата не се и никогаш не биле на нивната агенда, па затоа ќе играат на српската карта за продавање на некакви балкански мангуплаци во европскиот свет и за создавање кризи кога ги нема и каде не треба да ги има.

Користејќи ги секогаш домашните  медиуми, за да се уреди слика дека овдешниот премиер ќе го надминел и српскиот претседател, изигрувајќи мангуп- контра Европа и Западот. Притоа, и едниот и другиот чекајќи да дојде на власт Доналд Трамп.

Наивните македонски гласачи, како и оние кои се прават такви, за да (сега)  им се додворуваат на ново-старите „груевисти“ , не треба да заборават дека и спогодбата со Бугарија и договорот од Преспа, со Грција, се од времето кога десничарот- популист Трамп беше во Белата куќа.

(О.У.)

 

 

Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе