Колумбо бил шпански Евреин
Познатиот истражувач од историјата Кристофер Колумбо, кому му се припишува откривањето на Новиот свет и на Америка, многу веројатно , по потекло, бил шпански Евреин, а не Италијанец како што тоа до сега се веруваше.
Според најновите, темелни истражувања на шпански научници и форензичарски експерти, Колумбо кој во 1492 година , прв го има преминато Атлантикот , менувајќи го на тој начин текот на светската историја, бил роден во Западна Европа, многу веројатно во градот Валенсија.
Валенсија а не Џенова
Се верува дека се откажал од својот еврејски идентитет и станал католик, што како откритие е сосема различно од досегашното верување дека големиот истражувач бил роден на тлото на денешна Италија, во градот Џенова.
Станал историска личност и познат низ целиот свет, откако по налог на шпанската круна, со три брода, тргнал во потрага по нов, поморски пат до Азија, пловејќи на запад. Наместо тоа, ги открил Карипските острови и новиот континент- Америка.
Неговото пристигнување на другата страна од океанот го има означено почетокот на контактите на Европа со домородците Американци, што има покренато бран од освојување и населување во Новиот свет, но и смрт за многу домородечко население.
Бројни теории за потеклото на морепловецот
Досега , во научниот свет има дури 28 теории за тоа од каде потекнува и каде е роден Колумбо, вклучувајќи ги Полска, Унгарија и Скандинавија, како и Британија, Грција и Португалија.
Сегашните тврдења на шпанските научни истражувања се резултат на 20 годишно испитување- уште од 2003 година – кое е покренато од професорот по медицина и форензика Хозе Антонио Лоренте, од Универзитетот во Гранада, експерт по форензика и медицина и од неговиот главен соработник професрот по историја, Марсиал Кастро- откако им било дозволено да ги користат посмртните останки на Колумбо, земени од катедралата во Севиља.
Колумбо починал во 1506 година, 14 години по откривањето на Америка, во шпнскиот град Ваљадолид. Барал да биде погребен на големиот Карипски остров Хиспанола ( на него сега постојат две држави- Хаити и Доминиканската Република).
Детална анализа на ДНК остатоци
Последната негова желба била исполнета дури во 1542 година, но запиѓано е дека многу години подоцна, телото му било преселено во Куба, од каде уште еднаш бил префрлен- овој пат во Севиља во Шпанија, каде и сега почива во главната катедрала во градот.
Истражувачите ги користеле ДНК остатоците од гробот во кој било телото на Колумбо , како и коските од неговиот син Хернандо и од Диего, братот на Колумбо, споредувајќи ги генетските податоци и уште на цела низа познати блиски роднини на големиот морепловец.
Сето тоа поврзувајќи го со историските податоци и сознанија, за да моѓе да се разреши – како што велат Шпанците- најголемата досега неразјаснета мистерија за потеклото на човекот кој го откри Новиот свет и ја измени историјата на светот.
„Мистеријата е конечно разрешена“
Лоренте и Кстро тврдат дека тајната е разрешена и дека повеќе нема непознаници за тоа од каде потекнува и какви корени има Кристофер Колумбо.
Научниците се уверени дека тој не живеел во Џенова, туку во Валенција и дека сигурно бил Евреин. Се откажал од јудаизмот за да не биде протеран од Шпанија , каде во тоа време имало над 300 илјади Евреи.
Шпанските власти – ним и на локалните муслимани- им оставиле да избираат- да преминат во католичанство, или да бидат протерани од земјата каде биле родени. Колумбо се определил за првата варијанта и станал католик и поморец.
Прогонот на шпанските Евреи- Сафариди и на муслиманите се случувал од 1492 година, кога Колумбо и неговата посада се истовариле на американскиот континент.