Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Меланија против Доналд Трамп

Меланија против Доналд Трамп

Меланија Трамп во својата книга-мемоари категорично се залага за правото на жената на избор, кога станува збор за абортус.

Според поранешната прва дама на САД, ваквото свое уверување го имала од секогаш, како возрасна жена и тоа мислење нема намера да го менува.

„Одлуката на жената е одлучувачко“

Изјавата на Меланија, Словенка по своето потекло, поранешна манекенка и фото модел, доаѓа откако нејзиниот сопруг кој е кандидат на републиканците за претседателските избори во САД, на неколку пати има речено дека ќе стави вето на федерален закон за забрана на абортус.

Лондонски „Гардијан„ кој објавува делови од мемоарите, заглавени како „Меланија“ , открива дека нејзината позиција за ова прашање е сосема различна од ставот на нејзиниот сопруг кој на тоа гледа крајно конзервативно.

„Клучната работа е да им се овозможи на жените тие да одлучуваат за тоа дали ќе родат. Само според сопствениот избор и своето верување- без притисок од државата„- вели таа во книгата.

Сопругата на претседателскиот кандидат Трамп инсистира на тоа дека не е во ред „некој друг, а не жената да одлучува за нејзиното тело“.
„Правото за лична слобода и дава право на жената да ја прекине бременоста, доколку тоа таа го сака„- вели Меланија Трамп во својата книга-мемоари.

Харис се согласува со Меланија

„Гардијан“ ја оценува ваквата изкава на Меланија како „шокантна“ , особено што таа доаѓа на само еден месец пред изборите, на кои прашањето за правото на абортус на жената е едно од најважните во кампањата.
Особено што противкандидат на Трамп, кого медиумите го означуваат како предатор кон жените, е една жена- Камала Харис.

Во кампањата таа се залага за правото на избор и за тоа да и се остави како право на жената. Онака како што мисли и Меланија Трамп.
Сопругот Доналд, пак, се фали дека тој го поништил правото на жената- на федерално ниво- да им се гарантира право на абортус.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе