Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Олимпијка од Уганда жива запалена

Олимпијка од Уганда жива запалена

Атлетичарката на Уганда,  Ребека Чептегеи (33) која на неодамна завршената Олимпијада во Париз учествуваше во маратонската трка, почина во една локална болница, од тешките изгореници по целото тело, откако нејзиниот поранешен партнер ја има жива запалена.

Од насилниот напад, што се претвори во брутално убиство, само затоа што повеќе не живееле заедно, угандската маратонка и олимпијка имала изгореници повеќе од 80 отсто.

Според изјава на лекарите во болницата каде несреќната млада жена се лекуваше, нејзината состојба нагло се влошила кога таа добила бактериска инфекција и сепса.

Тамошните медиуми откриваат детали за убиството на Чептегеи , посочувајќи дека полицијата го има идентификувано злосторникот.

Тој влегол во имотот на атлетичарката  додека таа била во црква, заедно со своите две деца. Кога се вратила, напаѓачот се нафрлил врз неа- ја полил со бензин и ја запалил, оставајќи ја жива да гори.

Сето тоа се случувало  пред очите на нејзините две ќерки на возраст од девет и 11 години.

Претседателот на Олимпискиот комитет на Уганда остро го има осудено ваквото убиство на доскорешната членка на олимпискиот тим на оваа источноафриканска земја, означувајќи го и како „уште еден пример   за брутално насилство врз жените“.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе