Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Биолошки татко на сто деца

Биолошки татко на сто деца

Газдата на „Телеграм“ Павел Дуров, со години на ред важеше за мистериозен  милијардер. Тој имиџ за себе самиот го има градено- одбивајќи интервјуа. Се знаше дека се облекува само во црно.

Сега, меѓутоа, откако го уапсија француските власти,  осомничен дека дозволил неговата  шифрирана апликација за пораки да се користи за криминални потреби, јавноста почна да открива детали за неговиот живот. Прикажувајќи го како ексцентрик- какви најчесто се оние кои на брзина стекнуваат огромно богатство.

„Хафингтон Пост“ открива дека уште додека бил во Русија, во Санкт Петербург, каде тогаш било седиштето на „Телеграм“, во една прилика се изживувал со „обичните Руси“ – фрлајќи им пари- руски рубли- од прозорците на компанијата.

Правел хартиени авиончиња од банкнотата од пет илјади рубли, што ги лансирал кон улицата , каде набргу се насобрале многу луѓе. Настојувајќи да фатат што повеќе такви „играчки“, што ќе рече пари, луѓето почнале да се тепаат меѓу себе.

Интервенирала полицијата, но колку што се знае Дуров не бил повикан на одговорност. Сведоци имаат изјавено дека тој од прозорецот уживал во случувањата на тротоарот и во сцената што ја  има предизвикано.

Најнова таква пикантерија е дека овој руски милијардер е биолошки татко на најмалку 100 деца, кои сега се наоѓаат во разни делови од  светот.

Самиот има признанено дека донирал сперма во десетина држави.

Не открива кои се тие, но признал  дека на некој начин  се нудел за таа  услуга. Уште уверувајќи дека во тоа не гледа ништо лошо. Напротив, Дуров  смета дека тоа било негова -граѓанска должност.

Тој самиот, пак, живее со својата партнерка (во Дубаи) со која и допатува во Париз, кога беше уапсен. Во таа врска нема  деца.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе