Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Црногорскиот премиер летувал во Сан Тропе

Црногорскиот премиер летувал во Сан Тропе

Премиерот на Црна Гора Милојко Спајиќ им се извинува на граѓаните во државата затоа што наместо на црногорското приморје, бил на летување во монденското и елитно француско летувалиште Сен Тропе.

Притоа, тој настојувал да ја увери домашната јавност дека на југот од Франција бил приватно и дека таму самиот си ги има платено сметките, односно дека летувањето не било на државен трошок.

Во странство наместо дома

Критичарите го осудуваат однесувањето на премиерот- како непатриотско и неморално- затоа што првиот човек на владата на најмалата екс ЈУ република ја заобиколил сопствената држава и нејзиниот туризам, за сметка на одмор во скап странски туристички центар.

И тоа, во среде лето и во екот на главната туристичка сезона, наместо да даде пример- летувајќи дома- во услови кога земјата настојува да го унапреди туризмот кој е главниот извор на приходи на државата.

Опозицијата го критикува Спајиќ затоа што од сооснивач на проевропската партија Европа Сега, се претвори во типичен балкански играч во служба на – како што се вели- интересите на Србија- влегувајќи во т.н. „српски свет“  на официјалната српска (националистичка) политика. Напуштајќи ги основните принципи на Европа Сега, поради што е во судир и со претседателот на државата.

Неморално однесување

Премиерот, пак, наместо да ја прифати грешката – дека летувал на францускиот, наместо на црногорскиот брег- иако тоа им го има сугерирано на своите сограѓани, ги обвини медиумите и „одделни криминални кругови“ (во политиката) кои дејствуваат против него и неговата влада.

Затоа што го обвинуваат дека заминал на одмор во време кога требало да работи на домашните состојби (не дошол на седница на националниот Совет за безбедност), како и за тоа дека е „врзан со сомнителни сопственици на фирми кои тргуваат со крипто валутите“.

Во оваа критика влегува и неговото (велат) неморално однесување- да летува таму каде најголемиот број од Црногорците не може да одат, постојано ветувајќи им на граѓаните висок стандард.

Сомнителни врски

Спајиќ се обвинува дека е поврзан со еден британски контроверзен милијардер (Џорџ Кортел).  Овој Британец е познат како поранешен советник (и финансиер) на Најџел Фараж, ултрадесничар и покренувач на Брегзит.

Во Подгорица се тврди дека Кортел ја има финансирано и кампањата на Спајиќ и на она што остана од партијата Европа Сега, за ланските избори. Овој тоа го демантира и тврди дека за изборите има земено- „кредит со поволна камата“,

Црногорски аналитичари тврдат дека случајот со нивниот  дека премиер е типично балкански и се среќава- во еден или друг облик- во сите екс ЈУ републики, но и на целиот Балкан.

Во Северна Македонија, на пример, колку што се знае, не се слушнало за одмор во Сен Тропе, а уште помалку за извинување до граѓаните (без разлика дали е искрено, или не), но затоа неморалот е високо присутен во секојдневието на новата власт.

Игнорирање на ветувањето

Премиерот кој зборуваше дека повеќе од третина од граѓаните живее во сиромаштија, а дека кога ќе ја земе власта, брзо ќе обезбеди просперитет и богато живеење, сега од својата удобна политичка позиција, зборува нешто друго.

Барањето на синдикатите за исполнување на ветувањето дека минималната плата ќе изнесува 450 евра, го отфрла како -политиканска работа- обвинувајќи ја опозицијата за тоа.

Притоа, се уште не се знае од каде му  пари – за два рачни часовници да даде сто илјади евра- со професорска плата. Како и тоа што сите вмровци во владата  се добро нафатирани со недвижен имот од Португалија и Шпанија се до Србија и Бугарија.

Во инаку сиромашна држава, во која барањето да се исполни изборното ветување се зема за зло.

(С.Г.)

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе