Германија бара гранична заштита од Орбан
Германски политичари од левиот и од десниот политички блок во политиката, побараа заштита од ЕУ, но пред се, од соседните држави на Унгарија, заштита – со воведување контрола на граничнте премини- за да, како што се вели – не се дозволи Европа да се наполни со руски шпиони и убијци.
Повод за ваквото барање е контроверзната и анти-ЕУ одлука на орбановите власти да извршат либерализација на визниот режим за Русија. Според пишувањето на загепски „Јутарњи лист“ такво барање има и до Хрватска, која има долга граница со Унгарија.
Враќање на граничната контрола ?
Од сите унгарски соседи-Австрија, Хрватска, Словачка и Романија- кои се членки на ЕУ, е побарано одново да воведат пасошка и друга контрола на границите.
Германските политичари сметаат дека враќање на граничната контрола е правно возможно решение кое сите овие земји веќе го имаат воведувано и порано – во вонредни ситуации- како што беа напливот на бегалци и корона пандемијата.
Затоа, се очекува унгарските соседи правовремено да интервенираат и притоа навестуваат дека ќе бараат и санкции поради одлуката на орбановата власт.
Министерот за внатрешни работи на регионалната покраина Бранденбург, за весникот „Билд“ има изјавено дека -граничната контрола кон Унгарија е крајно потребна. Бидејќи тоа значи дека олеснувањето на нивниот визен режим за граѓаните на Русија ( и на Белорусија), значи дека сега се овозможува полесно вселување на работна сила од овие две држави.
„Несватливо е една земја на ЕУ , да одлучи на својата територија да пушта Руси“- рекол овој министер.
Тој е поставен член на десно-центристичката германска ЦДУ, која има освоено најмногу гласови на јунските евроизбори , а со неговата позиција се согласува и Манфред Вебер, сопартиец и лидер на групата народни партии од овој блок во Европскиот Парламент.
„Унгарија мора да сноси последици“
„Путиновите убијци и неговите шпиони веќе имаат направено многу штета на Европа и на Германија , сите оние кои без контрола пуштаат Руси во ЕУ, практично, ја загрозуваат безбедноста на Европа“- рекол Вебер, инсистирајќи дека одлуката на Будимпшта , мора да сноси последици за орбановата власт.
Со ваква реакција се огласи и сојузната министерка за внатрешни работи на Германија, Ненси Фезер ( инаку социјалдемократ) дека – „инвазијата врз Украина ја зголеми заканата од руската шпионска мрежа, како и од саботажите што Русите ги прават на тлото на Европа“.
Според министерката Фрезер, земјите од ЕУ, затоа, мора да го зголемат степенот на безбедност и заштита, од неконтролираното влегување на руските граѓани.