Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Иран со нов и умерен претседател

Иран со нов и умерен претседател

Масуд Пазекшијан е именуван за нов претседател на Иран, откако победи после двата круга од изборите.

Потврда и благослов прими од врховниот лидер на земјата, ајатолахот Хаменеи, по што што Пазекшијан и официјално стана деветиот ирански претседател од победата на исламската револуција пред повеќе од 40 години.

Церемонијата на прогласувањето беше извршена во главната џамија во Техеран.

Кардиохирург и политичар

Новиот претседател се смета за умерен политичр и врз таквата негова политичка определеност, уверливо го има поразено  противкандидатот, тврдокорниот Саид Џалили.

Пазекшијан кој има 69 години  е кардиохируруг по професија кој од 2008 година е влезен во политиката, кога за прв пат е избран за пратеник.

Сега највува дека Иран ќе води прагматична надворешна политика  и дека ќе ги намали тензиите во прегворите за иранската контроверзна нуклеарна прогрма , но и дека ќе внесе општествена либерализација, што и тоа да значи, потикнувајќи го притоа политичкиот плурализам.

Прагматична надворешна политика

Конечно, во текот на изборната кампања ветуваше дека  ќе преземе мерки за заживување  на стопанството, за што ги обвинува лошото раководење и ендемската корупција.

Потекнува од мешовит брак – мајката е од курдската етичка заедница, додека татко му е Азер. Се смета дека затоа и порано, а и во текот н изборната кампања силно се има залагано за правата на етничките и верските малцинства.

Тој е еден од ретките ирански политичари кои бараше откривање на вистината за смрта – додека беше уапсена- на младата Махес Амини, во 2022 година, наводно, за непридржување на верското правило за облекување. Случај кој предизвика големо бранување во иранската јавност и масовни демонстрации.

Последниот збор е на Хаменеи

Сепак, врховен лидер на Иран- верски и политички- е Хаменеи, па без разлика каков е претседателот и какви потези сака да влече, последниот збор за било какво  реформирање го има тој, а не шефот на државата.

Освен тоа, малку е веројатно дека Иран кој е директно замешан во Либан, преку својата политичка и воена оргнизација Хезболах, или на Блискиот Исток, преку палестинската терористичка организација Хамас, ќе се дистанцира од овие две милитантни групи. Или, пак, дека  ќе го смени односот кон Израел.

Изборите во Иран беа вонредни , по смрта на тврдокорниот претседател Ебрахим Раиси кој загина во хеликоптерска несреќа.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе