Екс затвореник управува со затвор
Поранешен осуденик кој четири години бил во една од келиите на затворот „Идризово , сега ќе управува со истиот тој затвор- како негов заменик директор.
Ваквиот случај е од Северна Македонија, каде новата националистичка влада, предводена од вмровската партија, на својата последна седиица го именува Ибрахим Елези на оваа функција, предизвикувајќи гнев во домашната јавност и правејќи преседан, каков инаку не е забележан во балканскиот регион.
Награда за партиската лојалност
Владата е на власт еден месец и настојува, што е можно побрзо, на секој начин да ги пополни сите јавни функции со свои лојални и доверливи луѓе, за да ги награди за тоа што се верни на вмровската кауза.
При тоа се води сметка, награда- со вработувања во државна служба- да добиваат и коалиционите партнери.
Во случајов и за член на малите и маргинални партии од албанскиот политички блок од каде доаѓа и овој поранешен затворник.
Сега останува да се верува дека Елези кој не побегнал во странство, за да не ја издржува затворската казна, како некој кој четири години бил во една од келиите на затворот- најдобро ги знае состојбите во овој КПД
Веројатно тоа и била неговата квалификација , за да може да управува со затворот, на кој (велат) му треба потемелна обнова и модернизација , за да биде налик на оние во Европа.
Може да е тоа причина што екс затвореник ќе управува со „неговиот“ затвор.
Сепак, станува збор за една крајно неодговорна постапка на влада – што си се рекламира како народна, која ќе била во служба на народот и која најавува „реформи“ – што „народот ги барал“.
Апсанџии со крими досијеа
Но тој народ сега молчи , па не се знае што навистина мисли.
Особено што случајот со Елези, не е осамен. И другите две именувања на владата- за нови апсанџии- на раководни функции, се лица за кои се покренати кривични постапки.
Едниот е Емил Јаневски, задолжен да управува со затворот во Прилеп- инаку кадар на национал-социјалистичката партија ЗНАМ (бранковисти), за кого вмровците ( во опозција) имат барано затвор за сторен криминал.
Другиот е Зоран Ристов кој ќе управува со струмичкиот затвор. За него се вели дека барал поткуп од затворениците , додека уште не бил на функција.