Поврзете се со нас

Skopje Global

Вести

Насилството врз жените како епидемија

Насилството врз жените како епидемија

Насилството врз жените и младите девојки во Велика Британија има забележано толку висок пораст што почнува да наликува на епидемија.

Ваквото признание на полициските власти, крајно необично за земја какв е Британија, ја има натерано полицијата да на насилството врз женската опулација  сега гледа како на  закана за безбедноста, на ниво што се изедначува со тероризмот.

Над еден милион случаи

Според податоците на полицијата, во период од само една година- меѓу 2022 и 2023, се регистрирани над еден милион случаи  со напади врз жени и девојки, што се оценува како исклучително многу.

Проценка е дека ваквото насилство претставува една петина  (20 отсто) од    вкупната бројка на извршени кривични дела на територијата на целата држава.

Направената анализа покажува дека секое шесто убиство врз жена е сторено после (претходно) регистрирано семејно злоставување.

Една од 12 Британки- жртва

Најмалку една од 12 жени во Британија , секоја година, е жртва на некакво насилство. Најчесто, тоа се секусуалното насилство и силувањето, но и следењето и вознемирувањето преку интернет.

Лондонските медиуми откриваат дека полицијата стравува оти овие бројки и показатели не се  реални. Односно дека вистинската состојба на теренот е далеку полоша и позагрижувачка и дека полицијата не  знае за сите случаи на насилство, бидејќи не мал број остануваат неоткриени.

Заменик комесар на британската полиција има изјавено дека ова насилство врз жените и младите девојки веќе сега предизвикува аларм и предизвикува вонредна ситуација на државно ниво.

„Мора најитно да се инттервенира за да не се случи на сето ова да се гледа како на нешто што е неизбежно“- има речено полицискиот функционер.

Фемицидот како посебно кривично дело?

Владата веќе рзмислува како да ја запре оваа „епидемија“ од насилство врз жените , па има сугестии- фемицидот да се третира и како посебно кривично дело- надвор од сите другите.

Ваквата размисла, колку и на прв поглед да изгледа како невообичаена, се објаснува со најновите полициски сознанија.

Станува збор за тоа  дека освен што постојано се зголемува бројот на насилствата врз женската популација, се заострува и степенот на сложеноста и бруталноста на извршените кривични дела.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Вести

Горе