Поврзете се со нас

Skopje Global

Екстра Глобал

Педесет и пет години од „Аполо 11“

Педесет и пет години од „Аполо 11“

Во јули 1969 годин – тројца Американци, асронаутите Нил Армстронг, Баз Олдрин и Мајкл Колинс – членови на екипажот на вселенскиот брод „Аполо 11„ ја започнаа својата историска мисија- како првите луѓе кои се упатија кон Месечинта.

Полетаа од Кејп Канаверал во Флорида на 16 јули , а на 20 јули,  капетанот на „Аполо 11“ Нил Армстронг-  веќе беше првиот човек  во историјата, кој се шеташе по површината на најблиското небеско тело до Земјата.

Огромен чекор за човештвото

„ Ова е мал чекор за човекот, но е огромен чекор за човештвото“- беа првите негови зборови, откако еден Земјанин застана на месечевото тло.

На Месечинта потоа се истовари и Олдрин, додека Колинс остана да кружи околу земјаниот сателит, во вселенкиот брод, во  очекување на неговите другари.

Тие, пак, остана на Месечинта 21 час и 36 минути, што ги искористија  за фотографирање и за прибирање на прав и камења од месечевата површина.Тројцата, од таму донеоа над 21,5 кг. разни примероци.

На Земјата американската вселенска тројка се врати на 24 јули, по што сите останаа во строг карантин три денови, пред да може да се соочат со воодушевената американска јавност и со светот.

Вселенска трка

Целата оваа мисија  имаше исклучително научно значење и претставуваше врв на тогшната техника и технологија- со испраќањето и успешното враќање на човечка  посада до Месечината и назад на Земјата.

Но, во она време од пред 55 години, на длабока идеолошка поделеност на на светот-на  „синиот“ Запад и „црвениот “ Исток – мисијата на „Аполо 11 “ доби и исклучително политичко- идеолошко значење.

Армстронг и другарите полетаа кон Месечината исполнувјќи го аманетот на тогаш веќе починатиот (убиен во атентат) екс претседател Џон Кенеди.

Наука и политика

Тој уште во 1961 година објави дека, откако Русите во таа година први испратија  човек во вселената (Јуриј Гагарин), Америка ќе биде првата што  ќе испрати луѓе на Месечината.

Од тој момент започна  вистинска вселенска трка за тоа кој  ќе стигне прв, горе, на Месечината.

Во таа трка победија Американците, на големо разочарување на политичкото водство на тогашниот СССР. Не можејки да ја поднесат загубената вселенска трка , Русите се откжа од планот за испраќање свои астронаути до најблиското небеско тело.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе