Поврзете се со нас

Skopje Global

Европа/ЕУ

Европската комисија ја бојкотира Унгарија

Европската комисија ја бојкотира Унгарија

Старo-новата претседателка на Европската комисија (ЕК), Урсула фон дер Лајен, уште пред одново да биде  избрана од Европскиот Парламент, наложи бојкот на Унгарија поради најновите, еднострани, потези на унгарскиот десичарски и националистички премиер Виктор Орбан.

Неговата земја од 1 јули претседава со Европскиот совет, што е  во рамките на oдамна воспоставеното, ротирачко претседавање со ЕУ кое трае шсст месеци- во случајов до крајот на оваа година.

„Миротворец“ без мандат на ЕУ

Со одлуката за бојкот, на состаноците на Унијата што ќе се одржуваат под претседателство на Унгарија нема да учествуваат комесарите на ЕК. Наместо нив, ќе учествуваат само високи функционери на европската администрација.

Причината за оваа (досега не применувана) мерка на Брисел кoн земја членка – според претседателката на ЕК- е поради „едностраната акција на Орбан во врска со политиката кон Украина“, наспроти единствениот став што го имаат  сите други земји.

Во заднината на ваквата мерка  е т.н. „мировен план“ на Орбан, самоопределен и самопромовиран од унгарскиот премиер, а целиот (практично) ставен во функција на наводниот план за мир на Владимир Путин.

Провокација на Виктор Орбан

Престојот на Орбан, прво во Киев, а веднаш потоа и во Москва, на средба со Путин, а потоа и во Пекинг, на разговор со Си Џинпинг, нудејќи некаков „план за мир“ – без мандат на ЕУ и на Европската комисија- веднаш предизвика гневна реакција и осуда на сите другите во Унијата.

Се бараше оградудување  на Брисел од „унгарската иницијатива“, а од Орбан да објави дека сето тоа е само негова лична работа која нема никаква врска  со ЕУ.

Некои европски лидери, затоа,  имаат побарано санкционирање на Унгарецот, додека европски дипломати го означија патувањето „за мир“ во Европа, како „уште една провокација“на Виктор Орбан.

Особено што унгарскиот премиер  го нудел  путиновиот план како „најдобро решение“ – за некакви преговори- кои, практично, би биле  под диктат на Москва.

Сугерирана капитулација на Киев

Украина би требало да капитулира и да се откаже од 20 отсто од својата државна територија , која по инвазиите на Русија во 2014 и во 2022 година- прво беа окупирани, а потоа и анектирани. Третирани како „руски земји“ и  како  дел од „рускиот свет“ ,што го промовира  Путин- за да ја оправдува војната.

Официјална Будимпешта реагираше со контра осуди  и со несогласување, но низа земји на ЕУ, како Шведска и Финска, сите три балтички земји, како и Полска, веднаш ја подржаа одлуката на Фон дер Лајен.

Сето ова е само потврда на претходната препорака на претседателката на ЕК- да се санкционира на некој начин ваквата провокација на Орбан, со која само им се служи на руските (и на кинеските) интереси.

Но, и за да, како што тогаш беше речено –  се научи како треба да се користи претседавањето со ЕУ, односно со Европскиот совет.

Кампања против Фон дер Лајен

Во првичната реакција на Фон дер Лајен, по првите денови од претседателствувањето на Унгарија, таа ја откажаа вообчаената средба ( колегиум) на ЕК со земјата кој го  има преземено ротирачкото претседавање.

Се одржа само техничка средба со функционери на европската влада (ЕК) на која не беа ниту таа, а ниту некој од комесарите.

Некои сметаат дека ваквата остра реакција кон Будимпешта е последица и на грубата постапка на Орбан, во екот на кампањата за евроизборите. Тогаш,  на билбордите низ Унгарија , неговата партија Фидес, агитираше со пораки дека- “за да се освои Европа/ЕУ треба да се тргне Урсула“.

Во служба на Путин и Си

Што ке рече- преку нејзиното тргање од позицијата во ЕУ/ЕК ќе може Унијата  да се најде под контрола на крајната десница во која Орбан се гледа себе си како главниот играч и потенцијлен лидер.

Меѓутоа, се изјаловија амбициите на Унгарецот, па без разлика на  нешто зголемениот рејтинг на ултрашите и на  бројот на нивните пратеници во Европскиот Парламент, токму Орбан и Фидес доживеаја шлаканица во  Унгарија.

Дури една третина од гласовите отидоа кај неговиот нов политички противник Ласло Маѓар, пранешен негов сојузник кој по евроизборите ја смести новата унгарска партија во блокот на десниот центар, кој  и натаму го предводи Урсула фон дер Лајен.

Во една ваква позицијата на Орбан во Европа и во ЕУ, антимакедонски и против интересите на Северна Македонија делува  решението на вмровските националисти да му контрираат на Брисел, во стилот на  Александар Вучиќ.

На тој начин што направија сомнително  специјално партнерство со орбанова Унгарија- политичко и финансиско- уредено по налог на нивниот лидер сокриен кај Орбан во Будимпешта.

Вмровска дружба со анти ЕУ политичар

Така се случи, првата средба на вмровскиот министер за надворешни работи да биде со Унгарецот Вархаји кој нема  повеќе да биде еврокомесар и е познат само по тоа што му е „ропски лојален“ на Орбан.

Веднаш потоа,  новата националистичка влада во Скопје објави дека зела заем (позајмица) од унгарската државна Ексим банка. Еднаш рекоа од  половина милијарда, а еднаш дека се милијарда евра -за задоволување на нивните  потреби да ги покријат апетитите на сите кои им овозможија да дојдат на власт.

Згора на тоа- целата зделка (велат во Будимпешта) е мошне сомнителна- со камата пониска од онаа што ја плаќа и ја дава банката. Без  притоа да се извести унгарската јавност за ваквата „добрина“ на Виктор Орбан кон Северна Македонија.

За  него велат дека ништо не прави ако нема политички и економски интерес, па сега целата држава , вморовските гладници за пари и моќ  ја ставија под контролата на еден манипулант, каков што е унгарскиот премиер.

Тој, пак, наместо да објасни за своите акции, во улогата на  адвокат на Москва и Пекинг- побегна од Унгарија- на одмор и летување во  Хрватска.

Се има сместено на островот Вис, во приватна вила. Сопственикот на вилата рекол дека сега – после Орбан-  ги чека да се појават и Путин и Трамп, со кои Унгарецот  се среќаваше во изминатите две недели.

(О.У.)

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Европа/ЕУ

Горе