Градоначалничката се капе во Сена
Градоначалничката на Париз Ан Идалго се капеше во водите на Сена, настојувајќи да ја убеди домашната недоверлива јавност, но и спористите, дека реката која тече низ фрнцускиот главен град е чиста за натпреварувањата во рамките на Олимписките игри, што на 26 јули почнуваат во Париз.
„Водата е прекрасна и мошне, мошне добра. Можеби малку е студена , но сепак, не е страшно“- има изјавено Идалго , откако извесно време пливаше во Сена, во близината на зградата на градскиот совет, каде е нејзината канцеларија, сместена недалеку од катедралната црква Нотр Дам.
Заедно со градоначалничката , во Сена се капеа и претседателот на организациониот комитет на Олимпијадата, како највисокиот претставник на владата за регионот на Париз.
Секојдневните тестови на квалитетот на водата на реката покажуваат дека таа е добра и погодна за капење, што претставува подобрување на состојбата во однос на она забележан во почетокот на јуни, кога се уште имаше резерв з квалитетот.
На Сена ќе се одржи свеченото отворање на игрите, а таму е предвидено да се одржат и некои од олимписките натпреварувања.
Во 2015 година , организацијата на Олимпијадата вложи 1,5 милијарди евра , за да се подготви водата од реката за потребите на игрите, но и за тоа жителите на Париз да имаат чиста Сена во годините по Олимпијадата.
Пливањето во Сена е забрането веќе 100 години, уште од 1924 година, во време на тогаш одржаната Олимпијада во Париз, кога реката била максимално загадена.