Ангела Меркел на 70 години
Пранешната канцеларка на Германија и долги години лидер на десно-десно-центристичката партија ЦДУ, Ангела Меркел наполни 70 години. Тоа го одблежија германските медиуми со прилози и коментари, иако својот роденден таа го одбележува привтно.
Сепак, со честитка се огласи германскиот претседател Франк Валтер Шранмајер, а тоа го направи и поранешниот канцелар, контроверзниот Манфред Шредер.
Родена на Запад, израсната на Исток
Тој беше на работ да биде исклучен од редовите на германските социјал-демократи поради неговите блиски врски со Владимир Путин, работејќи за „Газпром“ и по руската инвазија врз Украина.
Остана во партијата само на инсистирање на сегашниот лидер и канцелар Олаф Шолц.
Меркел е родена во Хамбург, но веднаш по раѓањето нејзиното семејство се преселува, за да живее во поранешната ДРГ (комунистичката Источна Германија) која беше сателитска држава на на некогшниот СССР. Студира во Лајпциг , каде и докторира на квантна хемија.
Пионерката стана канцелар
Во политиката влегува рано, уште во време на поделена Германија, кога стаува заменик портпарол на првиот демократски избран Парламент на ДРГ.
По обединувањето на двете Германии, Меркел, во 1990 година станува член на ЦДУ, најголемата десна партија на Западот.
Само дееет годни подоцна, откако на почетокот медиумите, а и некои политичари ја означуваа како- „пионерката од Истокот“ – таа беше избрана за лидер на ЦДУ на обединета Германија и на таа позиција остана се до 2018 година.
Во 2005 година, прв пат стана германски канцелар и како претседател на владата делуваше цели 16 години, се до 2021 година, кога се повлече од политиката.
Судир со Орбан и Трамп
Во текот на својата долга кариера како водечки олитичар на Германија, водечката економка сила во Европа и еден од моторите на ЕУ и на европското обединувње.
Беше означувана како најмоќната жена во светот и како угледна светка личност, репектирана во светот.
Таа прва му се има спротивставено на Виктор Орбан ког тој почн да застранува во европските процеси и во настојувањето да го промовира унгарскиот национализам и и популизам како средство за целосно завладување со Унгарија.
А, прва му се спротивстви и на Доналд Трамп кога овој, како претседател на САД, сакаше да прави приватна фешта ( на својот имот во Флорида) за еден Самит на групата Г-7.
Наплив на мигранти
Одби да оди на Флорида, а нејзината одлука ја почитуваа и другите членки на групата на најголемите економии во светот.
По повлекувањето , таа за прв пат, се соочи со критики за нејзиниот минат труд.
Прво, затоа што прифати голем бран бегалци и економски мигранти од Блискиот и Средниот Исток, од Азија и од Африка. Тоа им создаде проблеми на другите земји, на ЕУ, но го потикна и расизмот и неонацизмот, како и десничарењето во Унијата и во Европа.
На бранот од напливот на дојденци, колку тие и да се потребни на германската економија, тоа ја изроди ултрадесничарската АфД партија во Германија. Создадена во Лајпциг, на Истокот од Гермнија во градот каде израсна и се школуваше Ангела Меркел.
„Попустлива кон Путин“
По руската инвазија врз Украина, Меркел беше критикувана дека била премногу мека кон новиот руски „цар“.
Уште од времето кога ги освојуваше источните делови на украинската територија, потикнувајќи бунт на локалните проруск елементи во Донбас, а подоцна вклучувајќи и паравоените сили на групата Вагнер.
Се верува дека таа морала, во текот на 2014 година да биде поенергична кон Путин и неговите амбиции, по инвазијата на Крим, за освојување на Украина и за ставање ( одново) под руска контрола.
Конечно, како нејзина грешка се смета решението за изгрдана гасоводот под Балтчко море „Северен поток 2“ со користење руки гас.