Мумифицирано тело најдено во Андите
Солидно запазеното тело на американски планинар кој се водеше како исчезнат во перуанските Анди е пронајдено после 22 години, во истопениот мраз на планината.
Во соопштението на полицијата се вели дека Вилијам Стемпфл бил пријавен дека исчезнал во јуни 2002 година, откако лавина ја има затрпано неговата група која се искаѓувала на планината Хуаскаран, висока 6700 метри.
Веднаш била покрената потрага, но телото на Американецот не било пронајдено. Тогаш имал 59 години.
Сега е откриено поради топењето на снегот, добро зачувано и мумифицирано во мразот, повеќе од две децении по несреќата. Експерти објаснуваат дека топењето на мразот е директна последица на климатските промени кои ја имаат погодено и јужната хемисфера и целиот реон на Андите.
Екипата која го има откриено телото на Стемпфл има изјавено дека било прилично добро сочувано во мразот, како и неговата облека и опремата која ја имал со себе. Меѓу предметите кај него, бил откриен и пасошот што помогнало тој брзо да биде идентификуван
Планината Хуаскаран е омилена дестинација за планинарите и алпинистите и на неа се искачуваат ентузијасти од целиот свет.
Но , не сите успеваат да се снајдат на височините, па несреќите се чести во овие североисточни делови на Перу.
Во мај, беше најдено телото на еден израелски планинар по кого се трагаше еден месец, а во јуни и телото на италијански алпинист кој не успеал да се искачи на вториот по височина врв на Андите.