Поврзете се со нас

Skopje Global

Свет

Асанж призна вина за ослободување

Асанж призна вина за ослободување

Основачот на контроверзниот портал Викиликс Џулијан Асанж, на почетокот од неделата, беше пуштен од затворот Белмарш,во Лондон и веднаш спроведен  до аеродромот Станстед, од каде замина од Британија.

Претходно прифати да  признае дека е виновен, за обвинувањата кои му беа припишувани во САД.

Таквата  постапка беше можна врз основа на посебно направената спогодба (со британските,  американските и австралиските власти),  за да може и конечно да  биде ослободен, после 14 години минати во самоопределен егзил во лондонската  амбасадата на Еквадор и  во затвор.

Пред судот на Маријански Острови

Од Лондон беше префрлен на  Маријанските Острови,  територија во Пацификот под американска контрола, каде се случи последнта фаза од спогодбата за ослободување.

Пред локален судија Асанж има признаено деке е виновен според законот на САД за шпионирање , за правење заговор, како и за незаконско прибирање и ширење на доверливи материјали (за американската одбрана).

Во замена за тоа, барањето на САД за негова екстрадиција и судење во Америка, е трајно суспендирано. Со постигнатиот дил тој повеќе нема да се прогонува  ниту  за едно од другите  обвинувања.

Затворање на контроверзниот случај

Обвинителите прифатија- по признавњето на вината- Асанж да биде осуден на пет години затвор, при што во казната се пресметани годините поминати во затворот во Лондон.

Тоа значи дека од Маријанските Острови, во Австралија  ќе дојде како слободен човек.

Неговата  сегашна сопруга и мајката на неговите две деца , инаку една од адвокатскиот тим кои го бранеа пред британските судови, додека се криеше во амбасадата на Еквадор,  изјави дека на овој начин „завршува сагата врзана за Асанж“.

Самопрогласен борец за правда

Неговите родители во Австралија, од каде Асанж потекнува,  објавија дека нивниот син конечно ке биде слободен човек, додека неговиот татко јавно му се заблагодари на австралискиот премиер Тони Албанезе.

Како и да е, случајот со основачот на Викиликс се затвора, а останува само да се нагаѓа кој беше и што беше Џулијан Асанж.

Самопрогласен борец за правда и  слобода, односно борец за слободата на медиумите, како што самиот сакаше да се прикажува.

Неговите подржувачи од левицата, како и тие околу него го третираа  како новинар, иако тоа никогаш  не бил, освен (велат) добар  компјутерџија и хакер.

Во САД со 18 обвинувања

За САД, меѓутоа, се до администрацијата на Џо Бајден, тој беше  само  закана за националната безбедност на Америка.

Беше обвинуван за неовластено објавување на строго доверливи воени податоци за војната во Ирак и воени тајни, како и за публикување на класифицирани дипломатски телеграми од мисиите на САД низ светот.

Ваквите документи  му ги предаваше војникот Челси Манинг, кој претходно, до менувањето на полот, беше машко.

Вработен во тајната служба НСА,  како самопрогласен борец за вистината тој  се претвори во крт (шепнувач) кој им ги предваше материјалите што ги имаше откраднато, на Асанж и на Викиликс, се додека не беше фатен и осуден. Беше помилуван од претседателот Барак Обама.

Првото обвинување за силување

Асанж прв пат беше осомничен и за него имаше налог за апсење, во 2010 година – за сексуално насилство и за силување на две негови соработнички во Стокхолм.

Швеѓаните го бараа за сослушување,  а кога судот во Лондон одлучи тој да биде екстрадиран, Асанж побегна (додека беше на слобода со кауција) во амбасадата на Еквадор.

Во  однапред подготвувано и договорено бегство,  побара и веднаш доби политички азил.

Се насели во зградата на дипломатската мисија , но не беше слободен.
Живееше како заточеник, затоа што доколку излезеше од таму веднш ке беше уапсен и испратен во Шведска, каде го бараше тамошното обвинителство.

Девет години самозаточеник

Своето бегство го правдаше со „заканата“ дека случајот со силувањето бил само изговор за да од Шведска биде префрлен во САД, што двете стрни го демантираа. Американците во тое време се занимаваа со „случјот Манинг“.

Но, арогантен каков што го прикажуваат тие кои го знаат, Асанж почна да се расправа и со домаќините во мисијата на Еквадор, каде веќе беше девет години самозаточен и када адвокатката  му стана љубовница, а од таа врска, се родија двете нивни деца.

Еквадорците на крајот  му го укинаа азилот и тој од мисијата директно беше одведен во затвор, во врска со обвинувањата од Шведска.

Во затворот  остана во следните  пет години, без право на кауција, затоа што еднаш веќе имаше избегано.

Барање од Австралија

Обвинуван од  админитрацијата на Доналд Трамп за низа тешки дела против Америка, Вашингтон  го  бараше за да биде екстрадиран во САД за да му се суди за 18 кривични дела.

Но,веќе од 2021 година  бајденовата администрација почна да бара начин како да го затвори случајот.

Сето тоа се забрза кога владата на Австралија побара од САД и Бртанија да му се овозможи на Асанж да се врати во татковината.

Врз основа на барањето од Канбера, официјализирано од тамошниот Парламент, почнало да се работи на правењето спогодба што конечно беше постигната и спроведена.

Од Маријанските Острови, после  речиси две децени се врати дома како слободен човек.

(С.Г.)

 

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе