Поврзете се со нас

Skopje Global

Kaaba Mecca, Saudi Arabia

Свет

Над 1300 верници починати во Мека

Над 1300 верници починати во Мека

Повеќе од 1300 лица- верници од неколку муслимански земји починаа во Мека, во Саудиска Арабија, за време на традиционалната церемонија Хаџ , како последица на екстремните горештини.

Според саудиските власти уште голем број верници побарале и добиле медицинска помош, а  стотина други се во локалните болници, па трагичниот биланс од годинешниов Хаџ може да биде уште поголем.

Без засолниште и освежување

За властите причината за  (сепак) невообичениот голем број  човечки жртви, освен високите температури е и присуството на голем број дојдени верници- на диво и без потребните дозволи.

Надвор од определената квота која ја одредуваат властите на Саудиска Арабија.

За време на Хаџ верската церемонија, луѓето се изложени на  жешкото сонце , па сите оние кои допатувале без потребните дозволи , на годинешниве екстремно високи темпераатури биле оствени без претходно обезбедено соодветно засолниште и посебно место за одмор.

Голем број илегални верници

Уште повеќе што најголемиот број од починатите се постари и возрасни луѓе со разни хронични болести, па сите тие паѓале онесвестени на патеката и често останувале на место мртви- од исцрпеност, дехидрирани и најчесто погодени од срцев удар.

Саудијците велат дека секоја земја од каде доаѓаат верниците , самата е одговорна за организацијата на патот до Мека и за нивното сместување, во какви- такви пристојии услови.

Земјите од каде доаѓаат муслиманските верници се одговорни и за спречување на „дивите“ аџии кои илегално се обидуваат да дојдат до Светиот град.

Церемонија на 52 степени

Арапски медиуми јавуваат дека властите во Египет и во Јордан веќе имат покренато истраги за тоа како се случило од овие две земји ( како и од Иран) да има толку многу „илегалци„ што предизвикало најголем број од жртвите да се од овие држави.

Мека- светиот град на Хаџ церемонијата- е централното место кон кое се упатуваат верницие не само од Блискиот и од Средниот Исток,

Но иако тоа се прави секоја година, оваа ќе остане запаметена  по трагичниот биланс кој го предизвика времето. Во одредени моменти температурата во светилиштето се искачувала и до 52 степени Целзиусови.

Дозвола за 1,8 милиони верници

Саудиска Арабија секоја година определува квота на верници кои може да престојуваат во светилиштет- оваа година има дозвола  за 1,8 милиони луѓе.

За пат и престој на церемонијата често се потребни и по неколку илјади американски долари.

Патувањата мора да се одвиваат во климатизирани автобуси, услови што ги немале оние кои патувале илегално и  без потребните дозволи.

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Свет

Горе