„Нема епидемија на рак во Србија„
Српскиот епидемиолог Зоран Радовановиќ има изјавено за белградските медиуми дека не се точни тврдењата за тоа дека Србија е зафатена со своевидна „епидемија на малигни болести“ и дека тоа било посебно забележливо во годините после бомбардирањето на НАТО, врз делови од територијата на земјата, извршено во 1999 година.
„Нечесно и сосема е некоректно да се лажат лугето . со изнесување лажни бројки , кога станува збор за заболените од рак“, уште и да се врзуваат ваквите тврдење за политички потреби- уверува овок експерт. Според него, бројот на занолените со оваа болест е само минимално поголем, во споредба со годините пред тоа.
Експертот контра политиката
„Нема никакви радикално големи скокови на бријката на заболени, па според тоа не може и да с зборува за „епидемија“- само за да и се понуди на домашната јавност постоењето на- како што вели Радовановиќ- непостоечката причина за „епидемијата- а тоа е осиромашениот ураниум.
Изјавата на овој експерт е реакција на излагањето на доскорешна министерка за здравство, од владеачката СНС партија, изнесено на посебно организирана конференција , посветено на покренатата (од власта) иницијатива за „утврдување на последците од бомбардирањето, од пред 26 години.
Оваа екс министерка, при тоа, има речено дека „Србија е на првото место во Европа, бројот на починатите од рак, што е последица на бомбардирањето на силите на НАТО и дека таа бројка на заболени продолжува да расте“.
Невистинито и нечесно
Уште тогаш, набргу по запирањет на бомбардирањето (со договорот од Куманово, во јуни 1999 година) српската пропаганда почна да ја шири во домашната и во регионалната јавност, вклучувајќи ја и македонската, дека „натовци во нападите користеле бомби со осиромашен ураниум“ што од Алијанската веднаш беше демантирано.
Но, уверувањето за тоа остана, па и сега се користи, за да се тврди дека таквите бомби предизвикуваат канцерогени заболувања.
Во своето интервју, епидемиологот Радовановиќ има речено дека – не му се јасни причините за ваквото тврдење на поранешната министерка, но инсистира дека тие – очигледно се крајно нечесни.
„Виновникот не е бомбардирањето“
Овој српски експерт смета дека обновувањето на приказната за „канцерот во Србија“, за бомбардирањето од пред четврт век, како и за осиромашениот ураниум, треба само да ја покријат аферата со компанијата „Рио Тинто“ и екслоатацијата на литиумот, како и политичките теми кои доминираат во јавноста, како резолуцијата за Сребреница и правењето договор со Косово.
Затоа експертот смета дека „епидемијата со рак“ е целосно измислена , уште повеќе што осиромашениот ураниум е непостоечки виновник.
Растот на починатите од рак – сметајќи од 2001 до 2022 година- изнесува 15 отсто, од што може да се заклучи дека „нема епидемија на заболени“. Особено не како последица на бомбардирањето , а посебно затоа што осиромашениот ураниум е „еден од најчестите елементи на земјината кора“.
„Кога станува збор за бројот на починати од оваа болест, Србија е при врвот во Европа, но само затоа што луѓето доцна се јавуваат на лекар, како и затоа што пациентите лошо се лекуваат“- рекол белградскиот експерт.