Поврзете се со нас

Skopje Global

technology, police, car roof

Екстра Глобал

Милијардери експлоатирале слуги

Милијардери експлоатирале слуги

Четворица членови на најбогатото семејство во Британија  Хиндурџи, со индиско потекло,  се соочуваат со затворска казна, откако судот во Женева  ги обвини за брутална експлоатација на своите слуги, сите доведени од Индија, како и за трговија со луѓе, што е тешко кривично дело во Швајцарија.

Семејството Хиндурџи поседува богатство кое се проценува на 47 милијарди американски долари . Но,  според швајцарскиот обвинител, повеќе пари трошеле за издршката на своето куче, отколку за лугето кои им слугувале по цел ден.

За своето домашно галениче, на пример, годишно издвојувале по над десет илјади долари, но на слугите им давале плата од само осум долари , за работа која траела и по 18 часови.

Кучето повредно од луѓето

Британскиот Би-Би.Си пишува дека  сето ова се случувало во елитниот и скап кварт Колоњи во Женева, во раскошната вила на богатите Индијци.

Обвинителите ги товарат дека биле нехумани кон лугето на кои им слугувале , а посебно затоа што нелегално внесувале  слуги од Индија, на кои им ги одземале пасошите, веднаш штом ги ангажирале, а потоа  им забранувале да излегуваат од вилата- држејќи ги како заточеници.

Пракаш и Камал Хиндурџи, заедно со нивниот син Аџеј и неговата сопруга , на слугите не им дозволувале да имаат одмор, а ниту можност за прошетка во Женева, ниту можност за било каква комуникација со луѓе надвор од кругот на богаташкиот имот.

Медиумите откриваат дека минатата недела, конечно,  била постигната согласност – надвор од судот- околу паричната надокнада  на експлоатираните  луѓе , откако адвокатите на семејството признале дека  платата за слугите, сепак,  била мошне мала.

Се бара висока отштета и затвор

Но,  за обвинителите случајот  и сите обвинувања против индиските милијардери, остануваат.

Обвинителството   од судот бара  обвинетите  да бидат казнети- да платат милионска отштета- за експлоатираните слуги, како и да се соочат со затворски казни.

Основното е дека тие во никој случај не смееле  да им ги одземаат пасошите, што за властите на Швајцарија е доказ дека обвинетото семејство водело и трговија со лугето.

Ова не е прв ваков случај во Женева, да се откриваат примери како богатите   ги експлоатираат лугето кои работат за нив, а тоа најчесто е послугата која по цел ден е на работа.

Минатата година, четири Филипинки имаат поднесено тужба против една дипломатска мисија при ОН, за тоа дека „со години на ред не им давале плата“.

Во меѓувреме, обвинетите индиски милијардери се осудени на четири и 4,5 години затвор.

 

Понатаму
Повеќе на оваа тема
Коментирај

Напиши одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Повеќе во Екстра Глобал

Горе