Десничарите монтираат снимки против Бајден
Белата куќа , за прв пат, реагираше на валканите политички подметнувања на десничарите во САД и нивните медиуми кои почнаа да монтираат видео снимки од настаните на кои присуствува Џо Бајден , за да се дисквалификува во домашната (и во светската) јавност како – човек со нестабилно ментално здравје- неспособен да биде одново американски претседател.
Бајденовите политички противници се сите од таборот на поранешниот шеф на државата Доналд Трамп, а тој веќе има изгубено многу од својот кредибилитет (ако воопшто и го имал), на што инсистираат републиканците.
Дисквалификација на Џо Бајден
Прво, како нечесен и неморален човек, потоа како измамник кон државата, уште и првиот кој се обиде со пуч да остане на власт .Конечно, станува збор за човек кој згора е и осуден за корупција, очекувајќи ја следниот месец казната.
Во едни такви услови, друштвото на Трамп , кое ја има запоседнато републиканската партија на Америка, нема некој голем маневарски простор, за да се истакнува еден осуденик како податлив кандидат за претседател на САД, освен да се прикажува актуелниот шеф на државата- како неспеособен и „изматуфен“ човек , кој (наводно) често не знае каде се наоѓа.
Првично, ултрашката трамппова десничарска дружина се занимаваше со староста и со годините на Бајден. Годините се тука, никој не ги крие и тоа може само да гао направи Бајден квалификува политичар кој половина век е во американската политика. За разлика од еден новак, каков што е Трамп, кој од милијардер реши да стане политичар, сметајќи дека држава , каква е Америка, може да се води како што тој раководи со својата компанија за недвижен имот.
„Младоста“ на 78 годишниот Трамп
Таа ориентација- да се бројат годините-изгледа , дека дискретно се напушта , затоа што меѓу нив двајцата има разлика во возраста од само три години. Бајден има 81, а Трамп деновиве наполни 78 години.
Тој самиот, едно време, се фалеше дека е „возрасен, но е витален“, на што критичарите (цинично) му возвратија дека тоа што има многу помлада сопруга од него, не го прави ниту поспособен, а ниту поквалификуван за да ја води Америка.
Особено, ако се земе во предвид колку лош претседател беше во својот четиригодишен мандат, до 2020 година.
Најновите обвинувања на десничарите се дека Бајден „ се изгубил“ на една акција на демократската партија , за прибирање донации за неговата претседателска кампања, па морал да помага екс претседателот Барак Обама, за да го одведе „дезориентираниот“ Бајден од сцената.
Возраста на кандидатите
Се покажа, меѓутоа, дека снимките кои и беа прикажани на американската јавност (од таму раширени и во светот)- едноставно- се лажни и се монтирани со политички цели.
На оригиналната видео снимка, која ја прикажа и Белата куќа, се гледа дека Бајден застанал за да им се заблагодари на прусутните угледни гости , додека траел аплаузот
Реакцијата на Белата куќа уследи откако некои истражувања на американската јавност покажуваат дека гласачите на САД се повеќе се интересираат за менталната состојба н на Бајден, но и на Трамп.
Притоа, се покажува дека за гласачите, на крајот , одлучувачко може да биде прашањето за годините на Бајден, односно тоа дали тој е способен да ја извршува претседателската функција.
Тоа е она што ги покрена десничарите да се насочат на дисквалификување на актуелниот претседател, како „неспособен“ за Белата куќа.
Лажни снимки на „Њујорк Пост“
За ова во Вашингтон морала да одговара и портпаролката на Белата куќа, откако десничларските медиуми ја емитуваа и ја експлотираат снимката од Лос Анџелес, од гала свеченота изминатиот викенд.
Свеченоста ја водеа Џорџ Клуни, Џулија Робертс и Брбара Стрејсенд, меѓутоа, беше искористена за политичка експлоатација од противниоците на Баједн, кои тврдат дека претседателот од сцената морало да го одведе Обама.
Протрамповскиот таблоид „Њујорк Пост“ во сопственост на Руперт Мардок , инсистира дека Бајден „не знаел каде е“ , а ваквата можнос- да се поитира некој поен- побрза да ја искористи „помладиот“ Трамп забележувајќи на својата социјална мрежа – „дали навистина сакате овој човек да ви биде претседател“.
И во оваа прилика се покажа дека станува збор за фабрикувана снимка и на политички мотивирана дезинформација. Таблоидот од Њурок можел, ако сакал, да ја контактира Белата куќа за оригиналните снимки, ако веќе води сметка за вистината и точноста, но наместо тоа-снимките на орес конференција ги прикажа портпаролот . А од нив се гледа добро расположениот претседател, опкружен со своте подржувачи.
Остра реакција на Белата куќа
„Ова само може да покаже колку републиканците се очајни“- има речено портпаролот на Белата куќа , откривајќи дека „станува збор за видео монтажа со крајно лоша намера“ .
Од таму порачуваат дека заедничкото излегување од сцената на Бајден и Обама- рака под рака- е само потврда за големата блискост меѓу поранешниот и сегашниот претседател на САД. Впрочем, Бајден беше осум години потпретседаѕел, кога Обама беше шеф на американската држава во два мандати.
Затоа, од Белата куќа уследи остра критика за „Њујорк Пост“ и за неговите лажни и злонамерно наместени снимки од минатонеделниот Самит на групата Г-7 во Италија, кога наводно, претседателот на САД залутал во текот на смотрата на построените падобранци, па другите светски лидери „морале да го враќаат Бајден назад“ за да застане заедно со нив.
Ваквото намонтирано тврдење мораше да го демантираат и домаќинката на Самитот- премиерката на Италија Џорџа Мелони, како британскииот прениер Риши Сунак. Во изјава за лондонски „Дејли Телеграф“ Британецот има речено дека- ништо од тврдењето на американскиот таблоид не е точно,
Објаснување од Риши Сунак
„Бајден само беше љубезен и отиде да се поздрави со секој од нив, по што Мелони го повика да застане (со другите лидери на Смитот) за заедничко ракување “- има објаснето премиерот Сунак.
Угледниот американски весник „Вашингтон Пост“ објави потоа и целосна снимка од слетот на падобранците, на која се гледа како Бајден разговара со секој од нив, по нивното приземјување.
Сето ова очигледно морало да се направи по очигледната валкана кампања која во типично – десничарски, европски и балкански стил- ја води душтвото на Доналд Трамп и тоа сега, во очекување на изрекувањето на казаната од страна на судот во Њујорк.
Тие знаат дека каква и да биде пресудата -од 20 години затвор, до условна казна- тој останува осуденик и е првиот екс претседател ( и претседателски кандидат) кој е осуден за сторено кривично дело.
Замешателството на Западнобалканци
Токму затоа, од тој табор се настојува да го дисквалификуваат Бајден , како ментално неспособен- за претседател, за сметка на еден осуденик кои тие сметаат дека треба да го наследи.
Не е затоа чудно што во ваквата дисквалификација е вклучена и европската крајна десница- предводена од Виктор Орбан кој на тој начи настојува да ја раздели ЕУ од САД, сметајќи на тоа дека за Трамп (одново) Америка ке биде поважна од Европа.
А, тоа е она што го прави и Владимир Путин која на секој начин- пред се низ дезинформации, лажни вести и дисквалификации ( на Бајден), помага од страна да се оствари планот на европската ултрашка десница.
Како навивачи се јавуваат и западнобалканците- преку силната антизападна, анти ЕУ кампања на српските националистички медиуми кои се во исто време и русофилски- кои навиваат за Трамп. Сметаат дека тој ке го решат косовското прашање со- цепење на Косово.
На таа страна- прифаќајки ја целосно српската пропаганда- контра Бајден, а за Трамп и за Путин- се и македонските вмровски националисти и десничари. Тие постојано на домашниот медиумски простор ги шират валканите приказни за „нездравиот“ претседател на САД.
(С.С.Г)